ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дигитализација, владеење на правото и добро управување во фокусот на конференцијата „Година на европски можности”

Дигитализација, владеење на правото и добро управување беа темите на четвртиот панел „Демократија, правда, ефикасност - реформски процеси за клучни европски вредности и стандарди“ во рамки на годишната конференција „Година на европски можности“ што ја организира Владата.

January 23, 2024 18:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дигитализација, владеење на правото и добро управување беа темите на четвртиот панел „Демократија, правда, ефикасност – реформски процеси за клучни европски вредности и стандарди“ во рамки на годишната конференција „Година на европски можности“ што ја организира Владата.

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска истакна дека оваа Влада првпат се одлучи да воспостави Кабинет за политики за добро владеење и тоа укажува, како што рече, дека сме станале свесни за потребата да се држи фокус на ваквите принципи и овие прашања, кои за жал како промена не можат да се случат преку ноќ, туку се долготраен процес.

– Ние ќе бидеме ставени пред предизвик да воспоставиме долгорочни и одржливи квалитетни решенија кои ќе придонесат за квалитетно подобрување на системот во кој живееме. Тоа воопшто не е лесно да се направи имајќи предвид дека наследуваме еден систем кој долго време функционирал под синтагмата на „заробена држава“ и во таа насока е уште потешко тие промени да одат многу побрзо, изјави Грковска.

Според неа, јавноста за брзо време стекнала доверба во нивниот Кабинет, додавајќи дека постапуваат професионално и непристрасно.

Грковска потсети дека се обврзани да одржуваат обуки за етичкиот кодекс, за интегритет за избрани и именувани функционери на Владата. Информира дека е извршена обука на обучувачи за етичкиот кодекс од вработените во Генералниот секретаријат во Владата, кои добиле и сертификати. Претходната година имало преку 170 обуки на функционери, од јули до септември минатата година биле извршени повеќе од 277 обуки на избрани и именувани функционери на Владата.

-Работевме на транспарентноста. Ја усвоиме Стратегијата за транспарентност, го усвоивме упатството за транспарентност со кое со сите институции, со Центарот за управување со промени и со Агенцијата за слободен пристап на информации од јавен карактер, заедно ги забележивме сите податоци, информации кои граѓаните најмногу ги барале во изминатите две години. И со ова упатство ги обврзавме инститиуциите сами да ги објавуваат, без притоа да бидат барани од граѓаните, рече Грковска.

Вицепремиерката Грковска потенцира дека политиките за добро владеење се основа за дигиталната трансформација на општеството.

Таа истакна дека многу е важно да заврши проектот кој го почнале со Британската амбасада и со Центарот за управување со промени за преосмислување на управувањето, како и проектот за електронска лична карта која, како што рече, заради изборите нема време да се реализира.

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ потсети на Стратегијата за развој на правосудството, која е надоврзување на претходната, и која е потребно да се применува во законите и да поттикнеме кај граѓаните тоа да се применува.

Таа смета дека Судскиот совет е „рак-рана“ на Министерството за правда и во правосудниот систем. Изрази надеж дека сега ќе се подобрат состојбите и оти „се одважија некои органи, институции, судови конечно да го применат законот“.

Аврамовска Мадиќ информира дека прават анализа и одредена група на професори веќе изработуваат информација во која насока да се движат Законот за судови, Законот за Јавно обвинителство, Законот за нотаријат, адвокатура, извршување… за цел правосуден систем.

Таа се осврна на начините како да се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем. Тоа се, како што рече, само примена на законите и да се развие свеста за секој поединец да се одважи и да не применува корупција и да не се прикрива данок.

– Да помогнеме на поединци во судството, Обвинителството и во цела друга фела на правосудните органи, во извршната, законодавната и локалната власт и кај секој граѓан тие поединци да се одважат и да се сменат, порача Аврамовска Мадиќ. Додаде дека има поединци кои секој ги знае и тие треба да се покажат.

Заменик-министерката соопшти дека новиот Кривичен законик е веќе готов, преведен и треба да се прати во Европската комисија на мислење.

-Во сите овие процеси, во самиот скрининг ние се обврзавме за одредени закони дека мора да поминат на мислење, меѓу кои е и Кривичниот законик. Високата казна не значи секогаш дека некој повторно нема да го повтори делото. Моногу е побитно она што е земено од граѓаните да биде вратено назад кај граѓаните, порача Аврамовска Мадиќ.

За Кривичниот законик таа појасни дека откако ќе ги добијат мислењето, насоките и препораките од Европската комисија веднаш ќе стапи во владина и собраниска процедура.

За Законот за матичната евиденција, Аврамовска Мадиќ рече дека овој Закон, иако бил од група пратеници, целосно беше поддржан од Министерството за правда. Додаде дека оваа Влада треба да се гордее со донесување на ваков Закон. Северна Македонија е прва земја во ЕУ, а втора во светот што има ваков закон.

– Веќе нема фантоми, нема неевидентирани лица и секој граѓин ќе има право и може да ги оствари тие права. И оние 526 кои не беа евидентирани, а веќе процесот почна, продолжи и ќе се заврши, појасни Аврамовска Мадиќ, додавајќи сите ќе имаат лична карта и да влезе во ситемот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk