ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Центар со повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби

January 23, 2024 12:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот „Образование за сите“ успешно се реализира веќе шеста година по ред. Целта е да им обезбедиме лични асистенти на децата со посебни образовни потреби што ќе го следат нивниот процес на образување и нивно целосно вклопување во образовниот систем. Јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби е во тек и ќе трае до крајот на неделавa, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во  утринската емисија на Канал 5.

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено средно образование, одредени проекти со деца, предност ќе имаат лицата со повисоко образование, дефектолози, психолози, социјални работници и педагози кои имаат проекти во овој сегмент на образованието, предност имаат и самохрани родители. Навистина одличен проект кој од година во година го подобруваме и е во интерес на децата, појасни Герасимовски.

Тој истакна дека повикот за лични асистенти на децата со посебни образовни потреби беше објавен и на почетокот на учебната година, но истиот се објавува и во второто полугодие и ќе трае до завршетокот на учебната година поради зголемување на бројот на децата.

,,Имаме околу двесетина  деца од нашите осум основни училишта каде асистентите помагаат во нивниот образовен процес”, истакна Герасимовски.

Јавниот повик е распишан на 18 јануари и трае пет работни дена.  Избраните кандидати, со договорот што ќе го потпишат, ќе бидат ангажирани 20 работни часа во текот на неделата за што следува надоместок од 15.000,00 денари.

Заинтересираните за јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби во проектот „Образование за сите“, можат да се информираат на следниов линк https://www.centar.gov.mk/?p=19616

 

Tags: Герасимовскилични асистенти за ученици со посебни образовни потребиОпштина Центар
Next Post

Халили: Стимулирањето на економскиот развој ќе придонесе за побрза ЕУ интеграција на земјите од регионот

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk