Во серијалот на ЦИВИЛ насловен „Ослободи го умот“, Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ и професорот Никола Дујовски зборуваат за дезинформациите, пропагандата, лажните наративи и безбедноста.
„Најдобриот одговор на секоја лажна вест е вистината. Ние треба да ги градиме капацитетите за да ја соопштуваме вистината на соодветен начин, навремено, квалитетно. Само така можеме да се справиме на глобалните закани од произвотство на многу дезинформации“, изјави на почетокот професорот Дујовски.
„Избегнуваме да го користиме терминот лажни вести од две причини. првата е препорака на Европската федерација на новинари која вели дека не може нешто да биде вест, ако е лажно само по себе.Се навлегува во самата терминологија и се вели дека наместо лажни вести треба да користиме дезинформации, малинформации, погрешни информации. Во исто време, тоа е втората причина, во последните десет години имаме ситуации во кои непопуларни политичари во очите на медиумските работници, го користеле овој термин со цел да дискфалификуваат на јавна сцена критични новинари“, вели Драган Секуловски.
На прашањето колкави се капацитетите на дравата и институциите да се справат со дезинформациите, Секуловски истакна дека одговорот во решенијата како да станеме отпорни на овие проблематики е да работиме заедно на ниво на држава, но и регионално и во рамките на европската заедница.
За Дујовски, целта на дезинформациите е да покажат дека институциите не функциоираат и немаат капацитети да се справат со нив. Целта и со дојавите за бомби, според Дујовски, беше такво дискредитирање на институциите, што ги примора да ги сменат протоколите, пред сè, на МВР, да бидат посовремени и во насока на заштита на капацитетите со кои веќе располагаме.
„Мора да разбереме дека ограничените ресурси на Македонија, ќе не водат кон тоа да мораме сите заеднички да го бараме одговорот за справување со овие сериозни прашања за кои зборуваме“, вели Дујовски.
Како одговор на прашањето кои ентитети би ги одвоиле во македонскиот јавен простор како ширачи или креатори на дезинформации, Секуловски, без двоумење ги посочи најголемиот дел од политичките партии.
„Доволно е да ги видите изборните програми, тоа што го ветуваат за избори и по една година да ги споредите со резултатите и да сфатите колку биле нереални тие ветувања, на граница со лаги. Се надевма дека граѓанитеќе бидат поштетени од агресивни реторики, од настапи на кандидатите кои што можеби ќе подгреваат непотребна тензија. Сметам дека Македонија тоа треба да го остави во минатото“, вели Секуловски.
Б. Ј. / Цивил Медиа