ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: ДКСК и Обвинителство ја потврдија законитоста и чесноста на тендерската процедура за приспособувањето на СРЦ „Борис Трајковски“

January 26, 2024 16:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
ОБСЕ

ОБСЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал излезе со конечен став за реконструкција на салата „Борис Трајковски” за целите на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје кој гласи дека „процесот беше во согласност со нашите закони, испочитувани се највисоките стандарди за фер оценување и без корупција“, вели министерот за надворешни работи во оставка Бујар Османи.

Овој процес, посочува Османи во објава на Фејсбук, за жал нѐ обремени со многу обвинувања, поттикнувајќи нѐ да ја бараме правдата и вистината.

– Изборот на компанијата за приспособување на спортскиот центар, иако критикуван и обележан со обвинувања за фаворизирање, на мое барање беше темелно испитан од нашите правни институции – Јавното обвинителство и ДКСК. Заклучокот стигна од двете институции и тој е јасен и недвосмислен: процесот беше во согласност со нашите закони, испочитувани се највисоките стандарди за фер оценување и без корупција. Во текот на овој период, се соочив со бура од негативни реакции и неосновани обвинувања. Не само што мојот интегритет беше ставен под сомнение, туку овој настан фрли сенка врз меѓународниот имиџ на нашата земја, нагласува Османи на Фејсбук.

Сепак, посочува Османи, избрав транспарентност пред молк, одговорност пред одбрана.

– Доброволно ги предадов сите релевантни документи на Обвинителството и Комисијата за антикорупција, уверен во интегритетот на Комисијата при МНР, како и во мојот сопствен. Денес, откако двете институции ја потврдија законитоста и чесноста на тендерската процедура, се чувстувам повикан тоа да го објавам. Патот до овој момент беше исполнет со непотребен стрес и неосновано сомневање, но тој пат заврши. Непрекинатите напади што ги трпев не беа само против мене, туку беа напади врз вредностите на државата и принципите на нашата демократија, вели Османи.

Османи, нагласува дека ова го споделува не за да бара сочувство, туку за, како што вели, да ја потврди силата на нашите институции и отпорноста на вистината. – Им благодарам на сите кои стоеја покрај мене, вашата верба и поддршка беа важни низ овој процес. На оние кои се сомневаа, не ги држам за зло, бидејќи скептицизмот е витален елемент на здравата демократија…, порачува Османи.

Претходно денеска, ДКСК на 99 седница донесе одлука да го затвори предметот за реконструкцијата на СЦ „Борис Трајковски“’, но повика да се донесе нов закон за финансирање политички партии. ДКСК, како што кажано, ќе достави укажување до Министерството за финансии за потребата од донесување нов закон за финансирање на политички партии, поради утврдени наоди во тек на предметот за спроведената јавна набавка од Министерството за надворешни работи поврзана со реконструкција на СЦ „Борис Трајковски“ за потребите за одржување на Самитот на ОБСЕ во ноември лани.

Антикорупциската комисија ги анализираше наводите во јавноста поврзани со постоење клиентелистички односи помеѓу политички претставници или службени лица во одделни институции со фирмата „Еуровиа“ декларирана како донатор на политичката партија ДУИ. Од таа причина, како што рекоа, постоеја сомнежи дека во текот на постапката во МНР направени се злоупотреби од страна на службени лица со цел оваа фирма да го добие тендерот.

Според анализата на ДКСК, тендерската документација, условите кој се може да учествува како понудувач, не упатува дека постои тенденција за фаворизирање одредена фирма или дека условите се креирани за одреден економски оператор. За ова, како што рекоа, говори и фактот што четири економски оператoри доставиле понуда, но и откако Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучувала, ги оцениле доставените понуди и како најповолна останала понудата на „Еуровиа“.

Tags: Бујар ОсманиГОККДКСКОЈО
Next Post

Ковачевски за Митрески: Уверен сум дека ќе ја извршува функцијата посветено и одговорно

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk