Во рамки на акциските контроли на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот, во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 113 мерки, меѓу кои 48 санкции за непочитување на брзината на движење.
Како што соопшти МВР, изречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за управување под дејство на алкохол, две мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.