ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МФ: Не се работи за намалување на плати во ФЗО, туку обид за нивно зголемување

Не се работи за намалување на платите на вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), туку се прави обид за нивно повторно зголемување кое, реално ќе има фискални импликации во буџетот на Фондот, истакнуваат од Министерството за финансии (МФ) во соопштение откако вчера Синдикалната организација на ФЗО најави дека вработените во ФЗО ќе стапат во штрајк доколку УО донесе одлука за намалување на платите на вработените за 21 процент.

January 30, 2024 18:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не се работи за намалување на платите на вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), туку се прави обид за нивно повторно зголемување кое, реално ќе има фискални импликации во буџетот на Фондот, истакнуваат од Министерството за финансии (МФ) во соопштение откако вчера Синдикалната организација на ФЗО најави дека вработените во ФЗО ќе стапат во штрајк доколку УО донесе одлука за намалување на платите на вработените за 21 процент.

За точно информирање на јавноста, наведуваат од МФ, „платите во ФЗО во текот на 2023 година се зголемени повеќепати и тоа 2.100 денари или околу седум отсто во месец март 2023 година со усогласување со минималната плата, исто така имаше зголемување на плати само во ФЗОМ за 2,5 проценти во месец јануари 2023 година и за 3,5 отсто во месец август 2023 година“.

– Согласно Општиот колективен договор, има предвидено зголемување од 10 отсто, како и за сите вработени во јавниот сектор. Односно, кумулативното зголемување на платите во текот на 2023 година во ФЗО е околу 25 проценти. Дополнително на ова, вработените во ФЗОМ во текот на 2023 година остварија право на регрес во нето висина од 10.000 денари. Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата на РСМ му препорача на УО на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот, да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ, не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година. Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните, пишува во соопштението на Министерството.

Оттаму велат дека вработените во ФЗОМ во моментов имаат поголеми плати од соодветната категорија на вработени во министерствата. Со предложеното зголемување од 11 отсто, како што додаваат, вработените во ФЗОМ со средно образование би земале плата, колку што е платата на вработените во министерствата со високо образование.

– Во моментот, со порастот од 10 отсто, согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, платата на раководител на одделение во ФЗОМ – централа е повискa за 17 отсто во однос на платата на раководител на одделение во министерство. Раководител на одделение во ФЗОМ – централа би имал плата која би била повисока од платата на највисокото административно звање во министерставата –  државен советник, односно платата на раководител на одделение во ФЗОМ – централа би била повиско за 35 проценти во однос на платата на раководител на одделение во министерство, стои во соопштението.

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗО, вчера изјави дека од 9 јануари „со препорака од Владата, како што е срочено, се бара намалување на платите од 21 процент. Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент“.

Според најавата од Синдикатот, доколку вработените стапат во штрајк,  на шалтерите ќе работи само по едно лице кое ќе примадокументација и ќе нема исплати на капитацијата за матичните лекари, за лековите за аптеки, за плати во јавно здравство, како и други услуги.

Со одлуката се засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, според Аџигогов, 25 проценти ќе добиваат плата со износ под минимална плата, а 25 проценти колку минималната плата.

Next Post

Маричиќ прв вицепремиер во преодната Влада, за вицепремиери определени и Груби, Битиќи и Грковска

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk