Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Жолтеникаво парче небо осветлено од ниското утринско сонце, излегува од густите облаци обоени во сто нијанси сиво како женско колено од скинати фармерки.
Моќта на асоцијациите ми помага да откријам нешто што ќе ми го направи денот убав под секое небо.
Женско колено, скинати фармерки, дупка што се шири од врвот на вкрстените нозе на некоја тераса.
Малку ли е за убаво отворање на денот?
Малку потоа небото осинува и ги протерува облаците како што Македонците го протеруваат мислењето.
Таа дарба на човекот тука, а и не само тука, е подредена на големите механизми кои го кристализираат колективниот живот и тоа во мерка во која луѓето речиси целосно го имаат загубено чувството за вистинско мислење (Вејл).
„Никогаш не било полошо!“
Пеат тие што не гледаат во небото, туку си гледаат во курот или гледаат Телма, Сител и други вентилатори над вморонските говна.
Кои ги замачкуваат и нивните џамови само што на домашните им објаснуваат дека лепешките на прозорците се од паниката на ненародната власт.
Хахаха!
Тоа е, всушност, најава: ќе биде лошо како што никогаш не било!
Верувам, но!
Можеме ли да престанеме да го сакаме лошото.
Да го измислуваме таму кај што го нема и да го пумпаме таму кај што го има.
Да престанеме да ги ебеме поразите и да им се пупиме тие да нѐ ебат нас.
Така навистина можеме да свршиме.
И сексуално и ментално и културно и физички.
Македонците, сите, а особено оние од класата вмронити, го пуштаат животот да им истекува во проекциите во кои им се прикажувааг модели во кои тие, предводени од вмро, ќе ја наплатат сета неправда што со векови му е нанесувана на овој народ.
Нели е тоа лудо.
Мислам на проекциите.
А, богами и на народот.
Блаблабла…!!!
Јас го предлагам првиот семестар на факултетот на спасението.
Читајте внимателно:
„Мораме да ја создадеме онаа порција слобода, храброст и безобѕирност и, дури, би рекол, неодговорност, без кои создавањето не е можно. Треба, просто, да се навикнеме на новата скала на нашето постоење. Ќе мора да се однесуваме ладнокрвно и безобзирно спрема нашите најдраги чувства, ако сакаме да дојдеме до новите вредности. Оној момент кога ќе се нафатиме да го формираме светот од ова место на кое се наоѓаме и со оние средства со кои располагаме, огромноста ќе се смали, неизмерноста ќе добие облици и ќе почнат да опаѓаат разбрануваните води на хаосот.“
Ова е дел од моето обраќање на промоцијата на мојата книга „Ослободување од Македонија“, мислам дека беше во 2019 година.
Во кино „Култура“.
Мислата ја споделувам како моја, макар што изворно е излезена од уметничката глава на големиот Гомбрович.
Затоа што сѐ што е во таа мисла содржано сум го пишувал и сум се залагал за тие вредности многу пред средбата со Витолдо.
Можеби тоа кажува нешто за мојата нереална претенциозност, но тоа излагање немаше такви лични амбиции. Моите очекувања се базираа на моќта на зборот и на идејата кои му ги подаваат рацете на еден давеник во плитката вода на Историјата.
Каков што тогаш беше Македонецот.
Ми се виде згодно да се навратам на овие видувања затоа што имам впечаток дека макар што сите ги бендисаа овие зборови, Македонија не ги зема како ориентир или ги прифати (низ некои важни аспекти на политиката на Заев, да речеме) само за да може од тие цигли да ја формира толку посакуваната форма на жртва.
Камин пред кој нацијата ќе се грее и пие црвени вино.
Пред кој ќе се згуснува и еве ја на пат е да се претвори во зрно што денес или утре ќе го клукне некоја птица.
На три месеци пред историските избори вреди да се повторат основните постулати кои се дијаметрално спротивни на срањето кое, камуфлирано во политика, секој ден врз главите на нацијата го пролева тоа што го нарекуваме опозицијата. Упорно попуштајќи ѝ на нашата финоќа и поданичка култура, односно пружајќи отпор да го наречеме вмрото со вистинското име: Зло!
„Мораме да ја создадеме онаа порција слобода, храброст и безобѕирност и, дури, би рекол, неодговорност, без кои создавањето не е можно.“
Јас навистина мислам дека без свест за ова нема ништо од Македонија.
Нашата класика, класичниот македонизам е конзерва испиено пиво.
Празна лименка.
Не страв, не треперење што го блокира мислењето пред очекувањата од новата или старата власт.
Особено од новата ако се соберат доволно идиоти да ја изберат.
Итн.
Вмро можете да го закачите на опашката на некоја мачка и да чекате со мјаукање да ве замоли да ја симнете од високото дрво на кое ја искачил вашиот асесоар.
Вашата илузија.
„Ќе мора да се однесуваме ладнокрвно и безобзирно спрема нашите најдраги чувства, ако сакаме да дојдеме до новите вредности.“
Спрема историјата, спрема идентитетот, спрема националните интереси, спрема лажните херои и митови, спрема митот за името и уставот, такви какви што ги разбираме и кои кон моторот на нашите животи се однесуваат како ѓубре во бензинот.
Конечно, мораме да разбереме дека „светот мораме да го формираме од оваа место на кое се наоѓаме со овие средства со кои располагаме… за да почнеме да ги скротуваме разбрануваните води на хаосот.“
Што тука не е јасно?
На изборите во мај ќе покажеме имаме ли муда по трет пат да се ослободиме од еден ист окупатор или ќе гледаме како последните зрна песок истекуваат од нашиот историски часовник.
Тоа се мајските избори.
Ние бираме меѓу вмро и сдсм, но во суштина, бираме што ќе биде со нас. Дали ќе останеме луѓе или ќе ѝ се извиниме на Историјата за прокоцканата шанса.
Единствен пораз.
Односно, поразот е единствен.
Без преседан.
На целата нација.
Вмро не е политички избор.
Вмро е крај за македонската политика, култура, историја, нација и држава.
И јазик, да и јазикот е во пакетот кој оди у курац.
Ќе добиете карамелизирани крушки да ги лижете додека гробарите ја полнат дупката со вашиот сандак.
Лепота смрти!