Најиб Букеле прогласи победа на претседателските избори во Ел Салвадор, тврдејќи дека добил над 85 отсто од гласовите. Изборната комисија сè уште не ги објавила резултатите.
Букеле (42) наведе и дека неговата партија Нови идеи, исто така, освоила најмалку 58 места во Законодавното собрание на Ел Салвадор.
Избирачките места беа затворени во 17:00 часот по локално време (23:00 часот по Гринич), околу два часа пред Букеле да ја објави својата победа.
Според излезната анкета на јужноамериканската агенција за истражување Галуп, поддршката за Букеле била 87 отсто.
Букеле ќе биде првиот реизбран претседател на Ел Салвадор.