ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тошковски: Пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски информира дека доцна синоќа е завршена ревизијата на, како што вели, нефункционалните закажани термини за фотографирање за лични документи и најавува дека пунктот „Пролет“ во Скопје ќе работи во две смени и оти се зголемува капацитетот за фотографирање.

February 5, 2024 18:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски информира дека доцна синоќа е завршена ревизијата на, како што вели, нефункционалните закажани термини за фотографирање за лични документи и најавува дека пунктот „Пролет“ во Скопје ќе работи во две смени и оти се зголемува капацитетот за фотографирање.

Во интервју за ТВ Телма, како што пренесува денеска Министерството за внатрешни работи, Тошковски вели дека 165 000 граѓани во Скопје имаат закажано термин за вадење на лични документи, но дека неговиот тим со вработени луѓе во МВР констатирал дека тој број е неточен.

– Голем дел од предметните закажувања не се споредени со оние коишто се предомислиле од редовна да влезат во итна постапка, или пак поминале да се сликаат во рамки на пунктот „Пролет“, тврди Тошковски.

Тој посочува дека по првичното споредување на податоците има намалување за 20 проценти, околу 30.000 телефонски закажувања се непотребни, односно несуштински и го оптоваруваат системот и нереално наместо граѓаните да закажат во август – септември, закажувале во ноември – декември, вели Тошковски.

Најавува дека од задутре пунктот Пролет ќе функционира со 14 базни станици, со ангажман на 14 фотографи, полицајци вработени во МВР кои се пријавиле доброволно, а од понеделник ќе биде воведена и втора смена, со дополнително ангажирани уште 14 доброволци од МВР.

– Тоа значи дека капацитетот од четири базни станици кои фотографираат и обезбедуваат постапно издавање на лични документи ќе го зголемиме на 28 во еден ден, посочува Тошковски, пренесува МВР.

Next Post

Налепниците со ознаката НМК за регистарските таблици ќе бидат бесплатни за граѓаните

EVN

НАЈНОВО

Фото:  X

Сè почести напади со дронови врз Москва, Кијив порачува дека тоа е одговор на инвазијата врз Украина

February 15, 2026
Фото: Скриншот

Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

February 15, 2026

Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

February 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто човекот не се вратил на Месечината повеќе од 50 години?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доаѓа нов бран студ и снег: УХМР со прогноза за следните денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • DW: Зошто Израел распрскува глифосат долж границата со Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk