ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери: За Предлог-законот за рестриктивни мерки потребно е да се создадат дополнителни можности за спроведување на правните аспекти

February 6, 2024 09:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Техничката Влада се очекува на денешната седница повторно да го разгледа Предлог-законот за рестриктивни мерки, кој беше повлечен од собраниска процедура. Премиерот на техничката Влада Талат Џафери во интервју за МИА вели дека една од причините за повлекувањето е дека во составот на Владата имало несогласувања околу текстот на законот. Потребно е, вели тој, да се создаваат нови дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, но, додава дека, законот треба да се гледа и од политички контекст за да биде исполнета неговата цел.

-Добро, административно прво и по однос на претставниците, дали ќе бидат исти, нема да бидат исти. По однос на дилемите коишто се отворија во јавноста без да се гледа текстот, искрено јас и не стигнав да го видам текстот таму бидејќи по надлежноста таму и немав обврска да го гледам текстот како материјален дел. По однос на статусот овде сметав дека е посоодветно да се повлече, особено што како информација имав дека внатре во составот на Влада имаше несогласување околу текстот, рече Џафери.

Во предложениот текст, потенцира тој, има „состојби“ кои не се совпаѓаат со нашиот правен систем, и во таа смисла потребно е да се создаваат нови дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти. Но, на овој закон, според Џафери, не треба да се гледа само од правен, туку и со политички контекст за да биде прифатена неговата цел.

-Моето гледиште е политички, како политичко решение во смисла создавање предуслови за зацртување на предусловите за борбата против корупцијата и организираниот криминал. И ако тоа би требало да биде додадена вредност за напорите на државата за справување со таа појава во тој контекст е политичка одлука во смисла да се создаваат нови можности, дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, она што е конкретната борба и во тој контекст мислам дека е неопходно да се гледа законот, не стриктно само од правен аспект, туку и од политички контекст да се гледа работата пошироко за да ја има прифатливоста по однос на целта која што се поставува пред законот. Правниот дел, професионалниот дел, јас не би сакал да го оспорам секако фелата си има право да си ги гледа и затоа и е правната фела, меѓутоа покрај правниот аспект државата има политички обврски и можности и потреби кон граѓаните да излезе со дополнителни мерки по однос на борбата со корупцијата, рече Џафери во интервјуто за МИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Закон за рестриктивни меркиЏафери
Next Post

Наутро студено, преку ден сончево и натпросечно топло

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

October 7, 2025

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk