ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Наша цел е еднаков пристап до ресурси и услуги за сите граѓани

February 6, 2024 12:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава беше гостинка во студиото на Слободен Печат. Во нејзиното интервју таа зборуваше за покачувањето на пензиите, деветтиот пакет на финансиска поддршка, вклучување на децата во предучилишно воспитание и образование и процесот на деинституционализација.
Таа на почетокот од нејзиното интервју посочи дека во изминатите неколку години се направени многу системски решенија и дека едно од нив е и усогласувањето на пензиите два пати годишно согласно порастот на трошоците на живот и просечната плата.

„Ако ги погледнеме пензиите пред 2017 година изнесуваа 6000 денари, додека денес најниската пензија изнесува 13.200 денари. За еден месец пак ќе имаме усогласување на пензиите. Покачувањето на пензиите не ја следи само инфлацијата, туку и зголемувањето на просечната плата и во услови кога нема инфлација пензиите повторно ќе растат. Ако се укине овој систем, 360.000 пензионери ќе ја изгубат придобивката од зголемување на пензиите два пати годишно“ изјави Тренчевска.

Во однос на детската заштита и вклучувањето на децата во предучилишните установи Тренчевска посочи дека во 2017 година била затекната ситуација каде само 25% од децата на територијата на целата држава биле вклучени во воспитно-образовниот систем
„Од 2017 година до денес отворивме 83 градинки и за прв пат отворивме градинки и во руралните средини, Едно општество за сите ни е водилка во процесот секое дете да има пристап до градинките. Покрај што отворивме доста градинки во 2023 година одделивме 4 милиони евра за нови градинки во Општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош“ рече Тренчевска.

На крај од интервјуто Тренчевска зборуваше и за успешноста од спроведувањето на социјалната реформа која започна со измените на новиот Закон за социјална заштита.

„Досега имаме 57 мали групни домови каде се одвива живеењето со поддршка. Во ваквите домови владее семејна атмосфера и воедно е достапна дваесет и четири часовна грижа. Со гордост можам да истакнам дека ние сме единствената држава каде ниту едно дете до 18 годишна возраст не е сместено во големите и гломазни институции“ посочи Тренчевска.

Таа истакна дека нејзината теренска работа во изминатите две години била со цел да ја воочи успешноста на социјалната реформа. Тренчевска рече дека инклузијата е приоритет на Владата предводена од СДСМ и дека реалноста која денес ја живее нашето општество е: повеќе лица со попреченост вклучени на пазарот на трудот, деца вклучени во редовниот образовен процес и општество кое ги прифаќа различностите.

Tags: интервјурезултатиТренчевска
Next Post

Нова апликација за зонско паркирање во Струмица, достапна и за странски државјани

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk