ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Превирања во АА: Таравари утре закажа состанок во Куманово, АА преку соопштение потенцира дека Централното Собрание ќе се одржи в сабота во Скопје

February 7, 2024 15:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Несогласувањата меѓу претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари и претседателот на партиското Централно собрание Зијадин Села продолжуваат и денеска со различните информации за тоа кога и каде ќе се одржи седница на Собранието. Откако беше објавено дека партијата за в сабота во 13 часот во Скопје закажува Централно собрание, кое доаѓа по најавата на Таравари дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција, од синоќа кружи информацијата дека тој закажал состанок со делегатите на Собранието за утре во Куманово.

Таравари ова го потврди и во изјава за МИА. -Утре во 19 часот во Куманово ќе одржам консултативен состанок со делегатите на Собранието на партијата, рече Таравари за МИА. АА, пак преку партискиот мејл испрати соопштение до медиумите во кое се нагласува дека партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за в сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, а не во Куманово.

-Дел од членовите на Собранието на Алијансата за Албанците во текот на вчерашниот ден добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари. Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок. Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за в сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, се наведува во соопштението испратено од електронската пошта на АА до медиумите.

Пратеникот на АА, Халил Снопче, пак во изјава за електронското издание на Весникот на албански јазик „Лајм“ вели дека утре ќе се соберат да ја потврдат поддршката за Таравари. Посочува дека на Централното Собрание на партијата закажана за в сабота нема да има кворум и потенцира дека ќе биде само еден партиски митинг.

Несогласувањата меѓу Таравари и Села настанаа откако партискиот претседател без да го консултира претседателот на партиското Собрание замина во Приштина со лидерите на партиите на албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени на средба со албанскиот премиер Албин Курти, но и потоа откако се повеќе стануваше извесно дека Таравари планира коалицирање на престојните избори со албанските опозиционери.

Кадровската комисија на АА вчера побара од техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за здравство Фатмир Меџити, поради, како што наведе, нивното користење на на моќта на министерската функција, но без партиска позиција за да спроведуваат дејствија кои, како што велат, се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер. Алиу и Меџити, пак вчера на прес-конференција пред Владата изјавија дека немаат намера да да поднесат оставка и дека според нив партијата е единствена, има легитимни органи и легитимен претседател.

Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата.

– Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:

– За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.

– За министер за информатичко општество и администрација се предлага г-дин Наим Бајрами, магистер по политички науки, се наведува во соопштението од АА.

Откако Таравари најави дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција доби поддршка од Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути, кои го обвинија дека како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

Техничкиот премиер Џафери, пак, во интервју за МИА изјави дека ја следи ситуацијата во АА, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Тој вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротивставени ставови дали имаат чувство на припадност на овој состав или не.

-Во принцип знаете многу одамна сум кажал не сум политичар од Фејсбук, сходно на тоа не сум премиер кој се раководи со изјави по Фејсбук или на партиски активности. Јас сум премиер на оваа Влада и соодветно ќе треба да се изјаснат, официјално, членовите на Владата во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат по институционална линија дали имаат чувство на припадност на овој состав или не. Не можам да се раководам по она што се случува по телевизии и по конференции партиски, изјави Џафери во интервјуто за МИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АААлијанса за АлбанцитеСелаТаравари

НАЈНОВО

Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот

May 19, 2025
Фото: Општина Гевгелија

Во завршна фаза е изградбата на улицата „Свети Климент Охридски“ во Гевгелија

May 19, 2025

Муртезани: Очекувам да продолжи трендот на заминување од редовите на АА на Таравари

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk