На средбата со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч се разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Министерот за правда Кренар Лога беше информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури, информираат од Министерството за правда.
По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава.
Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството , да се казнат оние кои извршиле злосторство.