Планинарите од Битола, Ана Котевска, Никола Талевски -Јапан и Христијан Штрковски денес во 8.45 по локално време се искачија на највисокиот врв во Африка, Ухуру на Килиманџаро, које висок висок 5.895 метри надморска висина, пишува Битола њуз.
Никола Талевски – Јапан, по Вибер за Битола џуз известил дека тројцата успешно ја завршиле оваа експедиција и покрај потешкотиите кои ги имале додека го искачувале највисокиот врв во Танзанија, но за деталите од искачувањето ќе зборуваме кога ќе вратат во Битола.