ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манолева: Дополнителната заменик министерка за финансии Петрова го блокира вработување на 1.117 лица во јавното здравство

February 12, 2024 13:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА

– Упатувам сериозна загриженост поради неодговорното однесување на дополнителната заменик министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Елена Петрова, која го блокира процесот на вработување на 1,117 лица во јавното здравство. Ова не само што е неодговорно, туку е и опасно за нашето здравство, за граѓаните и за вработените во здравствениот систем, на прес-конференција истакна заменик министерка за здравство Маја Манолева.

Таа потсети дека „Владата обезбеди решение за статусот на најголем дел од вработените во здравството со договор на дело и на неопределено време. Со одлука на Владата, вработувањата на 1,117 лица во здравството се обезбедени“.

„Но, овие вработувања се блокирани од страна на дополнителната заменик министерка за финансии, Елена Петрова, само неколку дена пред изборите, без посебна причина, без тронка одговорност кон вработените во здравствените установи и без тронка грижа кон пациентите на кои им е потребна професионална грижа и нега. Ова не може да се дозволи! Никој, посебно не функционери во извршната власт, не смеат да играат со судбината на 1,117 млади здравствени работници и да претставуваат главна пречка во работата на здравствените установи“ истакна Манолева.

Таа нагасува дека „ние не можеме и не смееме да дозволиме ваквите политички игри да ја стават под ризик работата на здравствените работници“.

„Младите доктори и македонското здравство не се тема за политика. Тие се претставници на здравјето на граѓаните и мора да бидат заштитени и потпомогнати во секој аспект, без разлика на политичките збиднувања во државата. Ваков тип на блокади досега немало и не смее ова да стане политичка пракса затоа што унапредувањето на здравствениот систем во земјава не смее да зависи од несовесното однесување на поединци. Нашите доктори докажаа дека тука можат да изведуваат софистицирани интервенции, од најсложени операции до трансплантации коишто во минатото ги немало. Затоа сите оние млади доктори и други здравствени работници коишто работат во моментов под договор треба да го продолжат своето работење во јавните здравствени установи и да го надополнуваат својот, меѓутоа и здравствениот капацитет на државата. Покрај овие 1117 лица, од јавно-здравствените установи веќе е побарано до Министерството за финансии да одобри дополнителни вработувања на неопределено време, со што би се искористил потенцијалот за вработување на нови здравствени работници (доктори, медицински сестри…) и помошно технички персонал“, рече Манолева.

Заменик министерката потенцира дека овие вработување се и една од мерките како да се задржи младиот и стручниот кадар во Северна Македонијаи побара Петрова веднаш да го одблокира процесот и да ги потпише документите.

„Затоа, јавно барам од дополнителната заменик министерка за финансии веднаш да го одблокира процесот и да ги потпише документите. Овие лица се клучни за напредокот на нашето здравство, особено со големиот број на универзитетски кадри и големи општи болници и здравствени домови. За овие работи мора да бидеме совесни, да го ставиме здравјето на граѓаните пред сè друго, мораме да ги заштитиме нашите доктори, здравствени работници и пациенти, без притоа да дозволиме да бидат дел од политичките игри што носат штета за општото добро на сите граѓани во Република Северна Македонија“, рече Манолева.

 

Next Post

Дубаи првиот град со летачко такси до 2026 година

НАЈНОВО

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

Kалас: Автократскиот сојуз бара скратен пат до нов светски поредок

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk