ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Митрески: Попладнево ќе свикам итна собраниска седница за да се реши проблемот со возачките дозволи

February 12, 2024 14:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Јован Митрески попладнево ќе свика итна собраниска седница на која треба да се донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот и на други закони коишто ќе се однесуваат на важноста на возачките дозволи, со досегашното име. Во интервју за МИА претседателот на Собранието Митрески истакна дека претпладнето имал средби со координаторите на пратеничките групи, со министрите и со премиерот на техничката Влада Талат Џафери.

-Според тоа што зборувавме досега на досегашните состаноци станува збор за измени во Законот за безбедност во сообраќај и секако ако треба да се направат и соодветни измени во други закони за тоа што се јавува како проблем со возачките дозволи, односно нивната важност.

Митрески посочи дека побарал да се изнајде заедничко решение за овој проблем, кој произлезе од потребата за менување на името на државата во возачките доволи. лините карти и патните исправи.

– Точно е дека имавме после координацијата и состанок со премиерот Џафери, со министерот за внатрешни работи и со координаторите на пратенички групи. Можам да кажам дека сме блиску до решение. Секако, во текот на денот ќе продолжат координациите и можам и да кажам дека во текот на денот ќе закажам итна седница граѓаните да бидат спокојни овој проблем ќе настојувам да се реши во текот на денешниот ден, рече Митрески.

Претседателот на Собранието рече дека утрово најпрво се координирал со пратеничките групи во однос на ова прашање, бидејќи уште од вчера имал информација дека ќе бидат поднесени предлози за измени од страна на пратеници.

-Прво, сабајлината ја имавме редовната понеделничка координација со сите координатори на пратенички групи. Уште во текот на вчерашниот ден имав информации дека има предлози од пратеници и пратенички групи коишто ќе ги предложат во Собранието за да се реши ова прашање. Сабајле на координација побарав тоа да биде еден координативен пристап на сите координатори, нормално со мое посредништво, нормално во комуникација и со министерот за внатрешни работи и со премиерот на техничка Влада, со директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување за да ова прашање го решиме, исто така и министерот за надворешни работи и се’ она што значи решавање на овој проблем, вклучувајќи ги сите засегнати страни, рече Митрески.

Во интервјуто за МИА, што ќе биде објавено утре, тој зборува за тоа дали е стабилно владејачкото мнозинство, дали и кога ќе биде избран член на ДИК, дали ќе се донесат измените на Изборниот законик и за тоа дали в среда ќе ги распише претседателските и парламентарните избори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: возачки дозволиМитрески
Next Post

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

НАЈНОВО

Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

September 4, 2025

Мицкоски: Со растот на БДП сме пред сите во регионот и трети во ЕУ

September 4, 2025

Мисајловски: Воената академија е столбот на кој се градат идните офицери и подофицери

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk