ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Се бараат креативни решенија за кампања за донирање органи

February 12, 2024 15:21
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Професионалните дизајнери имаат можност да достават креативни решенија за брендирање кампања за подигнување на свеста за донирањето органи, што се реализира во рамки на Проектот за поддршка на системот за трансплантација во земјава.

Проектот е финансиран од страна на Европската Унија и се реализира во соработка со Министерството за здравство. Целта е да се подигне јавната свест за органодарителството и трансплантацијата, преку креативно изразување

– Tрансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина. Органодарителството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. Токму ова е иницијалната замисла за започнување кампања за подигнување на свесноста за органодарителството, се наведува во соопштението од Проектот за поддршка на системот за трансплантација.

Повикот до професионалните дизајнери, како што се појаснува, се однесува на дизајнирање сеопфатен пакет за брендирање преку креирање визуелни решенија – лого, постер, слоган, кои ефикасно ја подигнуваат свеста за критичната важност за донирањето органи и за трансплантацијата.

– Целта на креативните решенија е да информираат и едуцираат, притоа доловувајќи ја суштината на пораката за надеж, живот и единство, како асоцијација на хуманиот чин на органодарителството. Секој дизајнер може да аплицира со еден пакет за брендирање. Петчлено жири одлучува за доставените решенија, се појаснува во соопштението.

Рокот за доставување на решенијата е 4 март. Повеќе информации може да се најдат на info@transplantacija.mk.

Најдобрите 10 до 15 избрани решенија ќе бидат дел од изложба организирана на јавен простор. Комисијата, како што се наведува во соопштението, го задржува правото да не избере ниту едно од поднесените решенија.

Tags: дизајнеридонирање органикампања
Next Post

Предложени законски измени по итна постапка: Возачките со „Република Македонија“ да може да се заменат до 31 декември 2024

НАЈНОВО

Фото: МИА

Делегации положија цвеќе на Партизанските гробишта по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

November 13, 2025

Сонот за Тоше се претвори во импресивен витраж на Гумење во Крушево

November 13, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk