Со концертот на неофолк бендот „Калата“ во сабота, во Јавна Соба на 17. февруари започнува сесијата „Светско, а наше – Саботи на светска музика“.
Со овој проект, Јавна соба ќе даде посебен акцент, во форма на мини фестивал, секоја сабота, на најдоброто од нашата држава во жанрот – светска музика.
„Калата“ е неофолк бенд од Скопје, Македонија, кој прави паралела помеѓу источната и западната култура, со акцент на традиционалната македонска музика.
Без ограничувања, музичарите се потпираат на своите чувства и инспирација и со тоа, се слободни да го свират она што ќе го побара нивната имагинација.
Од 2018 година, „Калата“ настапува низ целата земја, вклучително и Д-Фестивал, Пин Музичка конференција и некои европски фестивали како MMVV (Barcelona) и Balkan Most Festival (Veszprem). Калата е исто така дел од MOST Music Programme – балканска музичка експорт програма, што поддржува светски музички уметници и бендови од Балканот.
Нивниот прв албум „Калата“ ќе биде објавен на почетокот на 2024 година, а дел од овој материјал ќе биде претставен и пред публиката во Јавна Соба на 17. февруари.
Членови на „Калата“ се: Минела Богдановиќ – вокал; Марија Илиевска – бек вокал; Симеон Ангеловски – бас; Александар Бошков – гитара; Кирил Кузманов – саксофон; Дамјан Грујо – тапани.
Јавна соба веќе ги најави и следните домашни музички артисти кои се дел од овој проект – прекрасната и уникатна Зарина Првасевда со својот бенд, како и веќе добро познатите Фолтин од Битола.
Поради ограничениот број на публика, овие интимни музички сеанси ќе можат да се купат само онлајн на drugastrana.mk.
Погледнете што да очекувате во сабота: https://www.youtube.com/watch?v=jZSmJBAq9vM „Светско, а наше – Саботи на светска музика“ е во организација на Јавна Соба од Скопје.