ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поддржувачите на Села од АА: Нелегитимна и незаконска е денешната средба што Таравари ја најави како вонреден конгрес во Скопје

February 16, 2024 20:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
АА

АА

Share on FacebookShare on Twitter

Со соопштение до јавноста денеска објавија реакција дел од партијата на Алијанса на Албанците (АА) во Тетово, што ги поддржува ставовите и активностите на Зиадин Села, кој е претседателот на Собранието на АА.

– Денеска бевме сведоци на уште еден апсурд од свој вид. Двајца поранешни владини функционери и еден поранешен член, ниту еден од нив партиски функционер, ниту член на Собрание, се обидоа да го оспорат законското право на дејствување на претседателот на Собранието, на пратениците и на сите членови и функционери избрани од легитимните партиски тела. Се што кажаа е невистинито и обид за манипулација. Прво, Собранието го свикува претседателот на Собранието, додека за консултација со претседателот на партијата чекавме два месеци да се свика Претседателството, чекавме со недели на состанок, но и претходно се консултиравме. Нелегитимна и нелегална е средбата свикана во Куманово каде немаше ниту покана, ниту записник, ниту печат, ниту потпис, ниту законска процедура. Што се однесува до Конгресот, тој го свикува претседателот на партијата или 2/3 од членовите на Собранието. Конгресот го свикаа 2/3 од присутните пратеници во единственото легално Собрание свикано од претседателот на Собранието, Зиадин Села. Целата јавност е сведок за фалсификување потписи и членови на Собранието од нивна страна, преку сведочењата на самите членови кои исто така јавно излегоа и покажаа дека нивните потписи биле злоупотребени во Куманово од неовластени лица. И ова, да, претставува кривично дело, се вели во соопштението.

Како што стои во реакцијата, сметаат дека нелегитимна и незаконска е денешната средба што Таравари ја најави како вонреден конгрес во Скопје.

-Што се однесува до таканаречениот Конгрес кој го свикаа, од вчера за денес има голем број прекршувања. Како прво не беа поканети делегатите на Конгресот, ниту највисоките функционери, ниту пратениците, ниту мнозинството делегати, што покажува дека се подготвува следниот фалсификат. Дополнително, во членот 28 од Статутот е наведено дека работата на Конгресот, до изборот на претседавач со работата, ја води генералниот секретар. Кој ќе го отвори и води таканаречениот Конгрес што ќе се одржи денеска?  Сакаме да ја информираме јавноста, членовите на Алијансата за Албанците и делегатите на Конгресот, дека денешната средба е нелегитимна и незаконска, посочуваат во соопштението.

Според АА на Зиадин Села, единствениот легален конгрес се одржува во недела, на 18 февруари, со почеток во 13:00 часот во Салата на опера и балет во Скопје.

Tags: СелаТаравари
Next Post

За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица, сите од Скопје

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk