СВР Велес ги известува граѓаните дека на 17 ти февруари (сабота) од 08.00 до 16.00 часот ќе работи Одделението за граѓански работи за издавање на веќе изготвените лични документи (пасоши, лични карти и возачки дозволи).
Голем број на велешани деновиве реагираа до Одделението за граѓански работи во Велес дека готовите документи ги издава секој работен ден во термин од 11 до 14 часот кога се на работа. Постапката за вадење нови лични документи во ова Одделение во Велес е секој работен ден од понеделник до петок во термините од 8 до 11 и попладне од 14 до 19 часот.