ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Кебакоски: Со мерката на Владата и добра откупна цена, ќе се зголеми производството на сончоглед

February 20, 2024 11:37
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ја усвои Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година. Една од мерките е финансиска поддршка за сончоглед предаден во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач, каде земјоделските стопанства ќе се поддржат со 5 денари по предаден сончоглед кај регистрирани откупувачи.

Здружението на земјоделци производители на сончоглед заедно со директорот на „Кристал 1923“, Горанчо Лазов, по завршувањето на сезоната, заеднички побараа од Владата поддршка за новата реколта која поради неповолните временски прилики беше многу намалена.

-Ланската година временските услови не ни одеа во прилог и затоа родот беше намален. Како здружение на производители на сончоглед, побаравме од Владата да ни помогне со директна поддршка и гледаме дека нашето барање е прифатено. Со мерката на Владата и добра откупна цена, ќе се зголеми производството на сончоглед – Изјави земјоделскиот производител – Миле Кебакоски.

Голема поддршка земјоделците имаат и од нашиот најголем откупувач, фабриката за масло – „Кристал 1923“ .

-Ние како фабрика секогаш сме на страната на земјоделските производители, нашите кооперанти и затоа ја поздравуваме оваа поддршка од страна на Владата. Очекуваме да продолжи стратегијата на државата за враќање на сончогледот на македонските ниви, зголемување на домашното производство кое реално може да достигне 10 -15 000 тони. Тоа е добро за целото стопанство и граѓаните бидејќи ќе имаме сигурна суровина и да се намали зависноста од увоз – изјави директорот на „Кристал 1923“ – Горанчо Лазов, и додаде дека уште една важна мерка треба да се донесе за поголема стабилност на ова производство за нив како откупувачи и преработувачи.

– ДДВ за сончоглед од 10 отсто повторно треба да биде како досега на 5 проценти. Сончогледот не е луксузен производ туку суровина за производство на сурово масло, кое е од стратешки интерес за земјава. Затоа воведувањето на 10 отсто ДДВ на сончогледот е директен удар за фабриката и земјоделците бидејќи ниту сончогледот е луксуз ниту има потреба да се воведе 10 отсто ДДВ на сончоглед, затоа што ДДВ на суровото масло е 5 проценти. Нема никаква логика ДДВ на суровината да биде 10 отсто, кога на суровото масло кое го добиваме ДДВ е  5 отсто, потенцира Лазов.

Враќањето на сончогледот на македонските ниви, таа успешна приказна на Договорно производство која започна во 2018 година, мора да продолжи. На овој начин откупувачот има сигурна суровина, а земјоделските производители обезбеден пласман. Владата се погрижи да имаат повисоки субвенции за сончоглед, а земјоделците добиваат и дополнителна поддршка како ѓубриво, зелена нафта, а сега и директна субвенција од 5 денари. Сугестиите од страна на сите чинители во овој значаен процес кога се сфаќаат сериозно резултатот е успешна стратегија за развој.

Извор: Бриф.мк

Tags: владатаКебакоскимеркатаоткупна ценапроизводствотосончоглед
Next Post

Џафери: Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk