ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: За само две години создадовме над две илјади мали оператори со храна како семејни бизниси

Со измените во законската регулатива успешно ја реализиравме нашата визија од пред четири години да создадеме две илјади мали оператори со храна, а тоа го остваривме за само две години и денес во регистарот на Агенцијата за храна има 2.508 оператори со семејни бизниси, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски, при денешната посета на корисници на државна поддршка за развој на мали бизниси во општина Виница.

February 20, 2024 19:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со измените во законската регулатива успешно ја реализиравме нашата визија од пред четири години да создадеме две илјади мали оператори со храна, а тоа го остваривме за само две години и денес во регистарот на Агенцијата за храна има 2.508 оператори со семејни бизниси, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски, при денешната посета на корисници на државна поддршка за развој на мали бизниси во општина Виница.

Министерот Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски, направи увид во искористениот грант од 10 илјади евра за развој на семеен бизнис за производство и пласман на јагоди во виничкото село Блатец.

-Во Виничко има голем интерес кај младите сточари да се регистрираат како мали оператори со храна и од праг да го продаваат своето сирење, а одличен пример е семејниот бизнис во селото Блатец каде има млад производител на јагоди, кој сам ги замрзнува, пакува и како финални производи ги пласира од куќен праг во околината на Виница. Исто така, земјоделците овде ги користат нашите мерки за изградба на силоси, набавка на приплоден добиток, за трактори, потоа новата мерка за бизнис план, а имаме и 26 успешно реализирани ИПАРД проекти, истакна министерот Николовски.

Во спроведувањето на мерките за поддршка во фокусот се малите оператори со храна, на малите фармери и на семејните бизниси, малите дестилерии и винарии, како и на младите земјоделци и жените земјоделки.

-Тие останаа во руралните средини и ги користат можностите од новите правилници за флексибилност, односно продажба на традиционалните производи од праг. Во голем број села во државата може да се видат корисниците на грантови за набавка на опрема и за ангажирање стручни лица за производство на традиционални продукти од животинско и неживотинско потекло. Специфично за Виница е што овде се враќаат и малите семејни винарии, а веќе имаме регистрирано три нови кои ги користат поволностите од измените од 2019 година во законските прописи за вино, додаде Николовски.

Потврда за успехот на новите мерки за поддршка на малите производители квалитетно македонско вино, според министерот за земјоделство е што од 71 мала винарија, по само четири години регистрирани се вкупно 255 винарии, од кои 173 се мали бутик винарии. Од нив пак, за 144 била обезбедена поддршка со грант за набавка на опрема и обезбедување стручни лица.

Next Post

Во Струмица промовиран прирачник „Како до заштита и безбедност на жртвите на семејно насилство“

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk