ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бојмацалиев: По 53 години почнува реконструкцијата нa Центарот за обука при МВР

February 21, 2024 13:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска го посетија Центарот за обука во Идризово, каде почнуваат градежни активности за реконструкцијата на целиот комплекс.

Како што информира МВР, реконструкцијата на Центарот за обука во Идризово е по 53 години, како 82. објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти низ државата.

– Исполнети се сите законски услови за отпочнување на комплетната реконструкција на Центарот, што ќе опфати реконструкција на Управната зграда со мензата, двата павилјона за сместување и школски  објект со придружните објекти, спортската сала, во вкупна вредност на градежните активности над 180.000.000 денари со вклучен ДДВ, рече Бојмацалиев.

По 53 години, како што рече, успеавме да го започнеме овој процес на унапредување на условите за настава каде што го регрутираме подмладокот на македонската полиција.  – Од страна на раководството на Центарот добив уверување дека процесот на реконструкција нема да влијае на наставата за основна обука за полицаец и дека сите активности ќе бидат изменаџирани се со цел да не влијае на квалитетот на обуката, рече Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи оствари работен состанок со раководството на Центарот за обука, на кој беше информиран за тековните активности и тоа дека паралелно наизменично се одвиваат обуките за кандидати за полициски службеници, едната хибридно, а другата со физичко присуство.

Бојмацалиев и Тасевски извршија увид и обиколка на објектите што ќе бидат реконструирани, ги посетија и  просториите за обука каде се   одвива хибридна, односно онлајн настава со цел зголемување на капацитетите на македонската полиција преку еден дигитализиран процес на полициско образование.

На крајот од  посетата, Бојмацалиев и Тасевски појадуваа заедно со кадетите од Центарот за обука кои ја слушаат тековната настава со цел, како што се наведува, уште еднаш заеднички да се  уверат дека одлично функционира и се применува новиот концепт на исхрана, кој покрај за припадниците на Одделот за специјални полициски операции (САЕ Тигар и ЕБР) е воведен и тука во Центарот за обука.

– Патот на создавање добар полициски службеник бара посветеност и одговорно и домаќинско работење. Ние како раководство на МВР сме тука да ги обезбедиме сите потребни ресурси и поддршка за да ви овозможиме успешна обука и подготовка. Наш врвен приоритет е грижата за вработените во МВР, да имаат сè што им е потребно за да ги извршуваат законските должности достоинствено, рече Бојмацалиев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МВРреконструкцијаЦентар за обука
Next Post
Фото: Партија Левица

Апасиев и Ванковска ја поднесоа иницијативата за собирање потписи до ДИК

НАЈНОВО

Дигитална изложба „Фауна” во Битола – урбана уметност во зголемена реалност

October 14, 2025

Ана Карајанова Димитрушева: Гласајте за бројот 8 за достоинство на луѓето со попреченост

October 14, 2025
Скриншот

Стармер: Потпишувањето на мировниот план за Појасот Газа е историски ден

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk