ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Мета факт: Од паркот на дрвјата во Аеродром засега нема ниту трева

Во паркот на дрвјата требаше да бидат засадени најразлични видови на дрвја, согласно спецификите на подрачјето. Мета.мк го посети овој реон, каде што може да се види дека теренот бил исчистен, но засега има само земја, но и многу смет, расфрлани шишиња и секакво ѓубре

February 21, 2024 14:31
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Фото: Мета.мк

Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, во својата програма за работа за својот мандат од 2021 година, меѓу другото вети дека ќе изгради парк од 5 илјади квадратни метри зад трговскиот центар Лиса во населбата Ново Лисиче. Во програмата, којашто сега веќе ја нема на веб-страницата на Општина Аеродром, беше ветено дека ова ќе биде направено во првата година од мандатот.

Од нашата проверка на терен, но и од одговорите што ги добивме од Општина Аеродром, може да се заклучи дека ова ветување не е остварено во првата година од мандатот, како што најавил Муцунски.

Во паркот на дрвјата требаше да бидат засадени најразлични видови на дрвја, согласно спецификите на подрачјето. Мета.мк го посети овој реон на 7 февруари годинава, каде што може да се види дека теренот бил исчистен. Сега има само земја, но и многу смет, расфрлани шишиња и секакво ѓубре, а на терен нема работници кои работат на изградба на новиот парк, барем не во моментот кога Мета.мк беше на местото.

Мета.мк се обрати до Општина Аеродром со прашања, зошто засега не е остварено ветувањето на градоначалникот Муцунски во делот за „Зелена локална самоуправа“ за изградба на нов парк и дали се планира негова изградба.

„Во однос паркот Радост ве информираме дека течат активностите за неговата изведба и планирано е неговото финализирање да биде во текот на оваа година“, гласеше одговорот на општината.

Сепак, со оглед на тоа што во Програмата за работа на Муцунски било ветено дека овој парк ќе биде изграден во првата година од мандатот, а веќе во тек е третата година од мандатот, може да се заклучи дека засега, ова ветување е неисполнето. 

Принтскрин, Програма за работа на Тимчо Муцунски

Извор: Мета.мк

Tags: дрвјаМета фактнеисполнетоОпштина АеродромПаркпроверка на фактиТимчо Муцунски
Next Post

Двојно убиство во кумановското село Габреш, едно лице повредено

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk