Министерството за образование и наука информира дека исплатени се ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници, кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок. Станува збор за 3300 ученици и 3000 студенти, нови корисници на кои исплатени им се средства заклучно со месец февруари 2024 година.
„Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за жалба, откако електронски ќе го добијат решението во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Електронската испорака на решенијата се врши преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk и документот се доставува директно на профилот на ученикот, односно студентот. Ова е новина која за прв пат се воведува годинава“, соопштуваат од МОН.
Оттаму наведуваат дека роковите за жалба ќе течат од моментот кога ученикот/студентот ќе го прими решението. Изработката и испраќањето на решенијата се одвива етапно, по групи на стипендии и сите апликанти за стипендија ќе добијат решение.