Врховното тело на светската атлетика (World Athletics) има намера да воведе вистинска револуционерна промена во дисциплината скок во далечина, објави Спорт Клуб.
Ова тело има намера да воведе една од најреволуционерните промени во историјата на атлетиката. А тоа е да се исфрли даската за одраз.
Наместо тоа, би се нашло поле кое би било многу пошироко. На овој начин, желбата е да се постигне да нема скокови кои не се бројат, бидејќи веројатноста за престап речиси и да не постоела.
Светската атлетика сака да ја избегне ситуацијата од неодамнешното Светско првенство каде дури една третина од скоковите беа поништена поради престап. Идејата е оваа можност да се тестира веќе оваа година на некои помали натпревари, а од 2026 година ќе биде почеста и на најголемите.