Во просториите на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето во Лига Европа.
Во морето од интересни парови, можеби најатрактивните се натпреварите помеѓу Рома и Брајтон и Фрајбург и Вест Хем.
Вечните ривали на Прага, Спарта и Славија, немаа среќа кога за противници ги добија Ливерпул и Милан, кои практично во последен момент избегнаа двомеч со Леверкузен.
Осминафиналето е закажано за 7 и 14 март, а ќе се сретнат:
Спарта Прага (Чешка) – Ливерпул (Англија)
Олимпик Марсеј (Франција) – Виљареал (Шпанија)
Рома (Италија) – Брајтон (Англија)
Бенфика (Португалија) – Ренџерс (Шкотска)
Фрајбург (Германија) – Вест Хем (Англија)
Спортинг Лисабон (Португалија) – Аталанта (Италија)
Милан (Италија) – Славија Прага (Чешка)
Карабаг (Азербејџан) – Баер Леверкузен (Германија).
Ждрепката во Нион ни ги донесе и двојките од осминафиналето на Конференциската лига. Убедливо најинтересна ќе биде пресметката на двајцата поранешни освојувачи на Лигата на шампионите – Ајакс и Астон Вила.
Фенербахче ќе гостува во Белгија на Унион Сент Жилоаз, а ПАОК патува во Загреб кај Динамо во балканското дерби.
Првите натпревари се закажани за 7 март, реваншите седум дена подоцна.
Финалето е закажано за 29 мај, кога на „АЕК Арената“ во Атина силите ќе ги одмерат двете најдобри екипи.
Двојки од осминафиналето во Конференциската лига:
Сервет – Викторија Пилсен
Ајакс – Астон Вила
Молде – Клуб Бриж
Унион Сент Жилоа – Фенербахче
Динамо Загреб – ПАОК
Штурм – Лил
Макаби Хаифа – Фиорентина
Олимпијакос – Макаби Тел Авив.