ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Олександр Урбанович: Рускиот диктатор е одвоен од реалноста и опседнат со псевдоисториски илузии

February 24, 2024 12:09
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На денешниот протестен марш што се одржа од Алејата Украина до руската амбасада во Скопје се обрати Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, кој им порача на присутните и на целиот свет дека воената поддршка за Украина е повеќе од потребна за „да се спречи поголема војна во Европа и верижна реакција на меѓудржавни војни ширум светот“. Тој, меѓу другото, истакна дека украинскиот народ веќе две години живее со звуците на сирените, децата одат на училиште и се кријат во скривници, родителите се плашат за нивната безбедност.

Во продолжение следува целото обраќање на Урбанович:

„Режимот на Кремљ се обидува да ја промени картата на светот, да ја преработи историјата и да ја уништи меѓународната заедница која се темели врз основа на закони и прописи. Поробувањето на Украина требаше да биде само еден од чекорите кон поголем план: повторна поделба на светот. Благодарение на храброста на украинскиот народ, Русија и сега, по две години сеопфатната војна, сè уште е заглавена на првиот чекор.

Плановите на Путин далеку ги надминуваат границите на Украина, по 24 години на власт, рускиот диктатор е одвоен од реалноста и опседнат со псевдоисториски илузии, според него Русија е над меѓународното право, а својата мисија тој ја гледа во проширување на руската територија, а гласноговорниците на неговиот режим редовно им се закануваат на другите европски земји и создаваат дезинформации и пропаганда.

Поддршката на Украина сега и придонесот за победата на Украина над вооружената агресија на Русија е најдобриот начин да се спречи поголема војна во Европа и верижна реакција на меѓудржавни војни ширум светот.

Само преку единство и стабилност пред очите на руската агресија и терор е возможно враќање на безбедносната архитектура на Европа.

За победа во војната потребни се две работи: издржливост и воена поддршка. Херојските украински бранители докажаа дека Украина е способна да се спротивстави, да го победи крвавиот руски режим и да ги ослободи сите привремено окупирани територии со потребната воена поддршка.

Со оглед на димензиите на војната, на Украина и треба голема количина на оружје и муниција за да се бори во фронтот долг 1.200 километри. Главните приоритети на Украина се совремеба авијација, воздушна одбрана, артилериска муниција, беспилотни летала, радиоелектронска борба и оклопните возила.

Украина ќе победи!

Слава Україні! “

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/10000000_7245483545488598_1893696362249115713_n.mp4

На собирот денеска учествуваа повеќе десетици луѓе, кои со своето присуство ја изразија својата поддршка кон хероизмот на Украина и покажаа гнев и незадоволство поради спроведениот тероризам од страна на Русија. Колоната ја предводеше амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир.

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

(ВИДЕО) Зеленски: 730 дена сме поблиску до победата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk