ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ: Скопје на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

February 25, 2024 13:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје се најде на врвот на ТОП 10 европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирањето кое го прави економското списание ФДИ интелеџенс, дел од реномираниот меѓународен весник за економија, Фајненшл Тајмс, соопшти Дирекцијата за технолошко-развојни зони.

– Ова е скок од четврто место на кое беше главниот македонски град на минатогодишното рангирање. Годинава и регионот на Скопје исто така се најде меѓу првите десет мали европски региони кои го носат епитетот „градови и региони на иднината“ во однос на бизнис клима и инвестирање. Од главните градови во соседството, Софија е рангирана на 2 место во категоријата на рентабилност, а Белград е рангиран на 8 односно 9 место во категориите рентабилност и деловна клима, се вели во соопштението.

На рангирањето што ова списание го прави секоја година се рангираат градови и региони од Европа според привлечноста, поволната бизнис клима, како и можностите за странски инвеститори. Рангирањето се прави според учиникот и перформансите во следните пет поткатегории: економски потенцијал, човечки капитал и начин на живот, поврзаност, поволна бизнис средина и економичност. Годинава тимот експерти на фДИ и Фајненшал Тајмс го направи изборот меѓу 330 градови и 41 региони.

– Најголем дел од странските инвеститори се во технолошко индустриските зони во Скопје. ТИРЗ со новиот пристап за привлекување на инвестиции кој го спроведува во последниве три години резултираше во постигнати инвестиции од над 1 милијарда евра, што е еднакво на вкупниот обем на инвестиции од 2006 до 2019 година. Во 2023 се потпиша и договорот за најголемата странска гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата,  тајванскиот гигант „Јагео“ со договор вреден 205 милиони евра, се наведува во соопштението.

Од Дирекцијата на технолошко-развојните зони посочуваат дека ефектот од странските инвестиции носи и директни придобивки за граѓаните. Просечната плата во зоните во октомври лани надминала 40.000 денари што е двојно повеќе споредено со 19.000 во 2016 година, a бројот на работници се искачил на 18.000 што е три  пати повеќе споредено со 2016 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: инвестицииСкопјеТИРЗ

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk