ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јас сум Македонија бе, а вие сте бели црви врз мртвото тело на татковината

February 28, 2024 12:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Почна да ми се развлекува времето. Денот никако да помине. До пред некој месец беше обратно: денот ми минуваше пред да го завршам утринското мочање и да направам свиткана кајгана од три јајца и малку беровско сирење за појадок. Не знам од кај доаѓа овој бесмислен збор. Доручек ми е многу поадекватен израз.

Мислев дека на луѓето на мои години времето бргу им тече за да ги спои со смртта и да го ослободат местото за нови луѓе. И да не дочекаат вмро да им ги одредува правилата. Македонец под земја е подобра опција од Македонец под вмро.

Така мислев дека изгледаат природните правила, но како што реков, како тргнале работите во последно време, никогаш нема да умрам, а за вмро не ми е гајле, всушност ме боли курот од тие шуги на патетичниот македонизам, но ми е мака. Поточно, мачно ми е. Не за мене, за луѓето, за изминативе 80 години. За многу добри, паметни, талентирани и посветени луѓе не само на професиите со кои се занимаваа туку и на личните и општествениот живот во кој создаваа амбиент во кој вредеше и беше убаво да се живее.

И на многу настани, проекти, објекти… на културата и уметноста која ги обележуваше нашите животи.

Се сеќавам на една колумна од пред сто години кога во насловот го парафразирав Томас Ман од неговата расправа со нацистите: „Јас сум Македонија бе, пичка ви лепа материна, а вие сте бели црви врз мртвото тело на татковината.“

Пцовката не е безобразие, туку единствено покритие на чувствата кои се раѓаат во средбата со амбициозната глупост на новите патриоти на патолошкото македонство.

И тоа јас. Јас кој сум познат по дефицитот на патриотизам според толковниот речник на ману и бапскиот комитлак од Пирин планина, просто не знам што е тоа, банално ми е кога ми објаснуваат дека тоа е љубов кон својата држава, но јас ниту кај најголемите патриоти, особено кај нив, не можам да видам никаква љубов, само глупост, просташтво и омраза. И дека, всушност, секој ден ја ебат. Тоа, додуша може да се поврзе со љубовта, но кај нив тој чин е толку груб или насилен, што веднаш се гледа дека нема никаква врска со љубов кон Македонија.

Читам дебели книги, но не по ред, туку од кај што ќе ја отворам книгата терам десетина- дваесет страници, па правам чај од врболила за простатата, па се враќам на уште десетина страници.

Слушам музика.

Имам супер систем и неограничен избор.

На пладне одам да пазарам нешто, па ќе испијам една конзерва пиво на клупите во паркот и ќе напишам некое статусче на фејсбук. Немам пари за кафани, а и амбиентот и вревата од некои маси и гости или прегласната и лоша музика ми пречат.

Истиот ритуал го повторувам и навечер околу седум. Па се враќам дома, гледам нешто на телевизијата, некој филм, ама ми фали концентрација за да догледам нешто што не е ептен добро. Сношти го гледав „Професорот и лудакот“ со Мел Гибсон и Шон Пен, вистинска приказна за создавањето на Оксфордскиот речник. Филмот е многу добар и приказната е привлечна, ама мене особено ме импресионираше Пен и ме натера да се прашам каков е тој глумец што пред камера може да глуми лудило поуверливо од лудилото на најголемиот лудак. Неверојатно.

Македонски телевизии не гледам, па, може има дваесет години. Ништо. Се информирам посредно за таа злосторничка фела и нејзините отровни подвизи. Тие ја дехуманизираат Македонија третирајќи ги луѓето како глувци и стаорци, а и гостите и водителите и водителките и директорите им се со вмровско крзно и антимакедонски опашки.

И така, драги мои, времето се развлекува толку бавно што ми паѓа мило кога часовникот и телефонот ќе ми соопштат дека моето време за спиење е во 22.30. Јас ќе го пробијам тој термин за половина час занимавајќи се околу музичкиот систем и потоа одам да се одморам од неработа.

Како и секој чесен Македонец.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: Бранко ТричковскиМакедонецМакедонија
Next Post

Ризвановиќ: Европа ја презема палката за воена помош на Украина

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 19 општини, СДСМ во 4, ВРЕДИ во 4, НАИ во 2 и Унија на Роми во 1

November 2, 2025

ДИК: Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 62,65%, Амар Мециновиќ 32,16%

November 2, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk