ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Школа за пропаганда – Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“ во МСУ

February 28, 2024 13:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Сабота, 2 март 2024 година, во 12 часот во Музеј на современата уметност – Скопје, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“ на Јонас Стал, ќе се одржи настанот „Школа за пропаганда – Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“. Школата за пропаганда се состои од сесија на кратки предавања по што ќе следи широка дискусија со публика.

Концептот е на Филип Јовановски, Јонас Стал и Ивана Васева

Школата за пропаганда во Скопје има намера да создаде привремена дискурзивна платформа со идеја да ја деконструира комплексноста на антиквизациската пропаганда која се пресликува во проектот „Скопје 2014“. Преку презентации на неколку теоретичари, активисти, уметници и новинари од Северна Македонија, оваа програма ќе понуди интервенционистички придонес во правните, медиумските, семиотичките, социјалните и уметничките аспекти на проектот подигнат во „заробената држава“ и ќе се обиде да размислува за неговото идно постоење соочено со подготовките и продукцијата на капиталниот проект Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

Клучните прашања кои ќе бидат предмет на дискусија:

– Како изградената и поставената инфраструктура на антиквизациската пропаганда „Скопје 2014“ да се претвори во агент на (контра)пропаганда?

– Како да се подготвиме Скопје 2028 да не стане повторување или натамошно спроведување на антиквизациската пропаганда?

– Како програмата на престолнина на културата повторно да пропагира еманципаторски визии за иднината на Скопје?

Школата за пропаганда се состои од сесија на кратки предавања по што ќе следи широка дискусија со публика.

Школата за пропаганда е на македонски јазик но ќе има обезбедено превод на англиски јазик.

ПРОГРАМА

12:00 – Ивана Васева, кураторка на проектот: Станица Пропаганда во Скопје

12:15 – Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ – Скопје: МСУ, плановите и соработките

12:30 – 13:00 – Јонас Стал: Уметноста и пропагандата во 21 век, вовед на уметникот

13:15 – 15:00 Сесија I: Антиквизациска пропаганда, обид за дефиниција

Неколку кратки резимеа

Катерина Колозова, професорка по филозофија и културна теорија при Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје: Самовиктимизација како основа за национална гордост;

Бојан Иванов, историчар на уметност: Земјотрес 1963-2014

Ана Петрушева, директорка на БИРН Македонија: База на податоци Скопје 2014 под лупа;

д-р Горан Јанев, редовен професор на Институт за Социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје: „Скопје 2014“ засекогаш, град завиен во етнократска пропаганда.

15-15:30 Пауза

15:30-17:00 СЕСИЈА 2: Пропагирање на Скопје 2028: Што сакаме градот да биде?

Отворена дискусија со публика

Модератори – Ирена Цветковиќ и Јордан Шишовски

Поканети учесници:

Никола Наумоски, активист, Контрадвижења против Скопје 2014

Никола Гелевски, главен уредник на книгоиздавателството „Темплум“ и на веб страницата окно.мк, писател; Архитортура и глобализација;

Биљана Тануровска–Ќулавковски, културна работничка, кураторка и истражувачка, програмска директорка на здружението ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи за уметност и култура: Замислувајќи го Скопје – со уметност и култура до град на иднината;

Марјан Забрчанец, консултант за односи со јавност и поранешен национален координатор за комуникации на Владата: Јавноста – храна за или тројански коњ против ретроградната пропаганда?

Next Post

Зеленски предлага Украина и балканските земји заеднички да произведуваат муниција

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk