ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За 35 отсто се намалува цената за потрошена топлинска енергија за деловните корисници во град Скопје

February 29, 2024 14:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 35 отсто ја намали цената на парно греење за сите деловни корисници во Град Скопје. Одлуката за намалување на цената, како што рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, се темели на намалувањето на цената на природниот гас на светските берзи.

– Резултатите покажаа дека во изминатиот период цената на природниот гас на берзата е пониска од предвидената со што се исполнуваат условите да се донесе поволна одлука за категоријата останати корисници, кои, пак, во турбулентниот период на енергетската криза го преземаа товарот и добиваа реални сметки за разлика од домаќинствата, кои во цел овој изминат период на енергетска криза добиваа сметки со субвенции. Верувам дека со тоа ќе овозможиме и тренд на зголемување на бројот на нови потрошувачи коишто се од категориите пред се на деловни корисници, рече Бислимоски.

Со новата одлука, како што кажа, ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции со што пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика и Скопје Север.

Засега, како што посочи, нема да се намалуваат сметките за потрошена топлинска енергија на домаќинствата зошто се субвенционирани од страна на Владата со 20-тина проценти. ЕСМ, додаде, веќе ги има добиено субвенциите за домаќинствата до крајот на грејната сезона.

-Цената за домаќинствата во овој момент е за 75 проценти пониска отколку цената на деловните корисници. Претходно таа разлика беше некаде 2,7 пати. Ја пратиме ситуацијата на пазарот за природен гас и доколку се исполнети условите апсолутно ќе пристапиме кон носење на нова одлука и за цената на домаќинствата. Субвенциите се обезбедени, префрлени се на сметката на ЕСМ и сите сметки до крајот на грејната сезона ќе ги субвенционира, рече Бислимоски во одговор на прашање дали може да се очекува да се намалат и сметките за домаќинствата.

Нагласи дека РКЕ не сака да влијае на ниту еден начин на случувањата на политичката сцена кои ќе престојат во наредниот период.

-Не сакаме да бидеме сфатени погрешно. Ова го правиме за да им помогнеме на општините, на државните институции и на деловните корисници да им се намалат нивните трошоци за топлинска енергија, бидејќи реално тие го понесоа најголемиот товар во текот на енергетската криза и на некој начин тие со повисоката цена што ја имаат од домаќинствата, ги субвенционираа стабилните цени за топлинска енергија во градот Скопје, нагласи Бислимоски.

Според податоците на РКЕ, вкупно 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија во град Скопје, а само од стартот на грејната сезона до сега се приклучени околу 1.000 нови корисници.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бислимоскипарноцени
Next Post

Од март сите инспекторати ќе бидат вклучени во Е-инспектор

НАЈНОВО

Битола ја пречекува Барса, четвртиот шпански клуб што ќе игра против Пелистер

October 15, 2025

Лос Анџелес прогласи вонредна состојба за заштита на мигрантите

October 15, 2025
Скриншот

Трамп: Путин може веднаш да ја заврши војната, но не сака

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk