ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска – Копман: Планот за раст на Западниот Балкан ќе ги забрза реформските процеси

March 6, 2024 15:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Планот за раст на Западен Балкан, во кој еден од столбовите е забрзувањето на реформските процеси во делот на владеење на правото и подобрување на ефикасноста на правосудството и јавната администрација, беше главна тема на денешната средба во Брисел на вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска денеска во Брисел директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман.

Во разговорот Грковска го нагласи значењето на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, како силен механизам за премостување на периодот до полноправното зачленување на Северна Македонија во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, осврнувајќи се на активностите кои изминатиов период ги предводеше Кабинетот за политики за добро владеење, Грковска информираше за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој минатата недела беше усвоен од Собранието и кој треба да послужи како дополнителен антикорупциски механизам во домашното законодавство.

Вицепремиерката истакна дека во самото законско решение е предвидено зајакнување на капацитетите и оформување на посебен сектор во Финансиската полиција специјализиран за овој закон, додавајќи оти ќе инсистира со ребалансот на Буџетот да се зголемат средствата наменети за Финансиската полиција, Јавното обвинителство и Државното правобранителство.

Грковска и Копман разговараа и за активностите поврзани со дигиталната трансформација на општеството, како процес преку кој се зајакнува воспоставувањето на политиките за добро владеење на сите нивоа.

На средбата стана збор и за потребата, паралелно со спроведувањето на мерките предвидени со Планот, да се засилат и активностите за информирање на граѓаните за значењето на евроинтегративниот процес, како и за поддршката што земјата во континуитет ја добива од Европската Унија.

Средбата на Грковска со Копман е во рамки на нејзината работна посета на Брисел, каде попладнево ќе биде едена од главните говорнички на Форумот „Жените во јавниот живот“, чиј домаќин е потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност, Вера Јоурова.

Tags: БриселГерт Јан КопманСлавица Грковска
Next Post

Костадиновска-Стојчевска: Крива Паланка како Град на културата ја промовира автентичната македонска култура во регионот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk