ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јулија Навални ги повика Русите да протестираат на денот на изборите

March 6, 2024 18:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ

Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, повика на протест на денот на изборите против претседателот Владимир Путин, пренесува Би-Би-Си.

Како дел од протестот, таа предложи луѓето да формираат долги редици пред избирачките места на 17 март напладне.

„Треба да го искористиме денот на изборите за да покажеме дека постоиме и нè има многу“, рече таа во видео пораката.

Сопругот на г-ѓа Навални почина ненадејно во руската казнена колонија на 16 февруари. Таа го обвини Путин за неговата смрт. Нејзиниот повик за протест на денот на гласањето е наречен „Пладневен ден против Путин“.

Претседателските избори во Русија – за кои повеќето меѓународни набљудувачи не веруваат дека ќе бидат слободни или фер – ќе се одржат во периодот меѓу 15 и 17 март. Се очекува Путин да го освои петтиот мандат на функцијата.

Г-ѓа Навални подвлече дека појавувањето пред избирачките места во исто време е „многу едноставна и безбедна акција“ која не може да биде забранета од властите, но ќе им овозможи на истомислениците „да видат дека не има многу и дека сме силни “.

Луѓето потоа можат да гласаат за кој било кандидат освен за претседателот Путин, да го поништат гласачкото ливче или да напишат „Навални“ со големи букви, потенцираше г-ѓа Навални.

Идејата за пладневен собир на избирачките места беше изнесена од Навални две недели пред неговата смрт.

Навални – кој продолжи да го одржува присуството на социјалните мрежи од затвор преку пораки објавени од неговите адвокати – напиша на X дека протестот на денот на изборите има шанса да биде вистинска „серуска протестна акција… достапна за секого, секаде. ”

„Милиони ќе можат да учествуваат во него. А десетици милиони ќе бидат сведоци“, напиша Навални.

На самиот Навални му беше забрането да се кандидира на претседателските избори во 2018 година, поради пресудата за проневера која нашироко беше осудена како политички мотивирана.

Тој почина додека служеше долгогодишна затворска казна поради политички мотивирани обвиненија.

Кремљ соопшти дека 47-годишниот умрел од природна смрт, но неговите поддржувачи и многу странски лидери го обвинуваат Путин за неговата судбина.

Г-ѓа Навални се најде во центарот на вниманието на политиката веднаш по објавувањето на смртта на сопругот, и оттогаш се обрати пред Европскиот парламент и разговараше со американскиот претседател Џо Бајден.

Во својата порака на Јутјуб, таа зборуваше дека е охрабрена од големите толпи кои излегоа минатата недела на погребот на нејзиниот сопруг во Москва.

Од минатиот петок, илјадници луѓе продолжија да се појавуваат на гробиштата Борисовское, а гробот на Навални беше потопен од цвеќиња. „Не можам да ви кажам колку ми значеше тоа“, рече г-ѓа Навалнаја.

„Алексеј сонуваше за прекрасна Русија на иднината – а тоа си ти“, додаде таа.

М. П.

Next Post

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk