Двете вселенски летала на НАСА „Војаџер“ поминаа речиси половина век патувајќи низ далечната вселена. Сондите, кои беа лансирани со разлика од помалку од еден месец во летото 1977 година, преживеаја многу – од намалени напојувања и валкани погони, до скоро фатални софтверски дефекти.
Особено сега изгледа прилично лошо Војаџер 1, кој моментално лебди покрај општо дефинираниот раб на Сончевиот систем оддалечен околу 15 милијарди милји.
Неодамна, научниците се загрижија откако осамената сонда почна да испраќа бесмислени пораки на Земјата.
„Во основа престана да зборува со нас на кохерентен начин. Тоа е сериозен проблем“, изјави менаџерот на проектот „Војаџер“, Сузан Дод за NPR.
Неразбирлив код
Наместо да пренесува бинарен код, Војаџер 1 испраќа единици и нули кои едноставно се менуваат. Напорите за ресетирање на сондата досега не успеаја – но тоа не треба да изненадува, имајќи предвид дека технологијата датира од средината на 1970-тите.
„Копчето што го притискате за да ја отворите вратата на вашиот автомобил, има поголема компјутерска моќ отколку вселенските летала Војаџер. Извонредно е што тие продолжуваат да летаат и што летаат повеќе од 46 години. Во меѓувреме, тимот повторно на теренот се обидува да „влезе во главите на оригиналните програмери“ и да открие зошто дизајнирале нешто како што направиле“, изјави Дод за NPR.
Во текот на следните месеци, научниците од лабораторијата за млазен погон на НАСА ќе пробаат различни пристапи за да го „вразумат“ Војаџер 1.
„Не добиваме научни податоци од почетокот на оваа аномалија, а тоа значи дека не знаеме како изгледа околината низ која патува леталото“, изјави за NPR астрономката од Калтек, Стела Окер.
Резервите на плутониум на сондите, кои им обезбедуваат електрична енергија, исто така почнуваат да се намалуваат, што ги натера нивните оператори да преземат мерки за да ги зачуваат намалените напојувања.
„Моето мото за тоа колку ќе им е „животниот век“ долго време беше – околу 50 години па биста за почести, сега некако се приближуваме до тоа“, изјави за NPR астрономот Стаматиос Кримигис, кој работеше на мисијата Војаџер 1 од самиот почеток.
Подготви: Ј. Ѓ.