ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шестчленото семејство Грозданови од селото Нивичани згрижено во стан во социјалната зграда во Кочани

March 12, 2024 12:51
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Шестчленото семејство Грозданови од кочанското село Нивичани денеска се всели во двособен стан во социјалната зграда во Кочани, што го доби од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП). Со тоа е решен неколкугодишниот проблем со сместувањето на четирите малолетни дечиња и нивните родители Даниел и Викторија кои живееја во една соба, без струја и храна, во трошна куќарка оддалечена десетина километри од градот.

На вселувањето во новиот дом присуствуваа министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски и директорот на АДИССДП, Зоран Ѓоргијев, при што беше истакнато дека станот е со површина од педесетина квадратни метри и ќе овозможи соодветни услови за живеење на младото семејство.

-По добивањето на информацијата од мојот кабинет и по емитувањето емисија на една телевизија за ова семејство, пристапивме брзо кон разрешување на оваа ситуација. Во јануари станот беше доделен од Комисијата за станбени прашања на Владата на семејството на кое навистина беше потребно да му се излезе пресрет и да се подаде рака. Сите институции кои беа вклучени во оваа акција, заедно со Црвен крст и новинарите кои ја направија таа сторија, ни помогнаа брзо да реагираме. Посакувам семејството на Даниел да ужива во подобрите услови за живот, а ние стоиме на располагање да помогнеме во рамки на нашите надлежности, истакна министерот Бочварски.

Наскоро ќе почне распределбата на становите и во третата социјална зграда во Кочани, како и во објектот во Велес. Во изминатите четири години изградени се социјални згради и во Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Неготино, Демир Капија, Струмица, Гостивар и Македонски Брод.

Од АДИССДП нагласија дека со забрзана динамика продолжува изградбата на колективни станбени згради за семејствата во социјален ризик во неколку други градови во државата.

-Во завршна фаза е изградбата на социјални згради во Дебар и во скопската населба Бутел, се градат во Прилеп и Сарај, а наскоро ќе почне постапката за избор на изведувач на зградата во Штип. Објектот ќе биде на 2.900 квадратни метри со педесетина станбени едници, а исто таква ќе биде и зградата во Прилеп. Изградбата треба да биде отворена до крајот на оваа година, а рокот за завршување е 24 месеци, истакна директорот на АДИССДП, Зоран Ѓоргијев. 

Tags: Гроздановидоделенстан
Next Post

Укинат притворот за возачот на Палчо, определени мерки за претпазливост

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk