ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ: Таканаречените избори во Русија се нелегални и се одржуваат под брутална репресија

March 15, 2024 15:16
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација со долгогодишно искуство во изборниот мониторинг, оценува дека изборниот процес за „ре-избор“ на рускиот претседател претставува флагрантно кршење на сите демократски принципи и стандарди.

Нема услови за фер и демократски изборен процес во Руската Федерација. Таканаречените избори ќе бидат злоупотребени само за дополнително угнетување на населението во таа земја, веројатно најжестоко од распадот на Советскиот Сојуз наваму.

Политичкиот контекст во кој се одржуваат руските избори во 2024 година е диктаторски, во услови на целосна контрола и воена цензура во медиумите. Опозицијата во Русија е ефективно уништена, особено по убиството на главниот опозициски лидер Алексеј Навални на 16 февруари 2024.

Оваа констатација за „изборите“ организирани од путиновската клика уште повеќе се однесува на окупираните територии во Украина и Транснистрија во Молдавија. Тие можат да се опишат само како крајно нелегални и нелегитимни, избори под брутална закана со насилство и оружје.

Одржувањето на таканаречените избори за претседател на Руската федерација на окупираните територии во Украина, под закана од репресии и тортури, претставува континуирано продолжување на кршењето на нормите и принципите на меѓународното право.

Земајќи ја предвид Повелбата на ОН, Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, Женевската конвенција за заштита на цивилното население во време на војна, одржувањето на вакви избори од страна на државата агресор на суверената територија на Украина се незаконско дејствие,и  според тоа, резултатите од таквите претседателски избори нема да имаат никакви правни последици.

ЦИВИЛ ја повикува меѓународната јавност и владите на демократските земји ширум светот да ја осудат најновата кампања на Путин која тој ја нарекува „избори.“ Понатаму, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните на Русија, како и на окупираните територии, да се спротивстават на диктаторот од Кремљ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода / Цивил Медиа

Next Post

Во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk