ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МЕЃУ МОРАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ И ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА: Дафина Стојаноска, стоматолог што „им вади заби“ на своите политички противници

March 17, 2024 13:44
in АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
  • Како политички тркач во изборните периоди и ситуации, носителката на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ за шестата изборна единица никогаш не носи некој голем бериќет.
  • Таа е корисна како своевиден камиказе во иницирањето и водењето на кавгаџиски ситуации во Парламентот, кога нејзината физичка издржливост импонира, а квалитетот на нејзините говори и не се слуша среде високите децибели лансирани од говорницата.

Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Портретот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за носителка на изборната листа во 6-та изборна единица  – Дафина Стојаноска е еден од примерите за постепено напредување во кариерата. Таквите случаи се навистина ретки во нашиот амбиент. Или нејзиниот случај е доказ за тоа како една партија, сепак, има во себе некаков лифт за напредување кој застанува на секој кат кога оди нагоре. Макар како раритетен примерок!

Тоа едноставно во партиските биографии на македонските политичари е утопија, бидејќи поединечните биографии покажуваат своевидна октроираност во подарувањето на функции (на пример, господин Икс му помогна во студиите на Економскиот во Прилеп на големиот бос и, оп, еве стана министер преку ноќ), но кај пратеничката Стојаноска постои качување по сите скалила. И веднаш да прецизираме, тие скалила не водат кон самиот врв!

Биографијата на Стојаноска е вообичаен македонски стереотип. Со матурата доаѓа сериозна врска, следуваат години минати во студии на Стоматолошкиот факултет, што се очекувало од семејството во кое таткото бил доктор, а мајката била професорка. Потоа следува брак па работа како матичен стоматолог (2004 – 2008 година). Сепак, премалку за да се оправда скокот во администрацијата (ФЗОМ во Гостивар), институција каде обично стоматолозите одат престарени и отслужени лекари на кои им се тресе раката, а рано им е за пензија! Тука веќе може да се забележи партиската помош, преку невидливата рака која ја зема под свое и таа истовремено станува секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во период од 2012 до 2015 година. Во 2015 година е избрана за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, сѐ до 2017 година, каде што повторно била избрана за член во 2018 година.

Има нешта што кај неа укажуваат на една чудна мимикрија во претставувањето, или нешто како менаџирање на сопствената биографија. Па така, во почетокот споменува само Стоматолошки факултет и додава магистрант во своето претставување, за при следната биографија да стои дека е магистер по менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности-во јавната администрација и социјалните дејности, Филозофски факултет. Може да се види од нејзиниот мејл дека во меѓувреме таа не е носител на две презимиња туку само на едно, а воедно, како да бара од нас да заборавиме на нејзината стоматолошка столица крај која била релативно кусо време. Впрочем, таа има нова партиската задача – наместо на пациентите, таа „ќе им вади заби“ на колегите во Парламентот.

Јасно е дека Стојаноска, веројатно без приговор, ја прифатила ролјата на своевиден вербален камиказе во собраниските сали што другите партиски колеги и колешки или не го сакале тоа или оцениле дека таа подобро од нив би го сторила тоа. Тоа е добро опишана во еден текст во ЦИВИЛ, кога таа со часови и денови не го даваше зборот на другите пратеници во Собранието во рамки на практикувањето на филибастерот. А кога еднаш мораше во тоалет, бараше претседавачката на седницата да ја прекине истата, за не го предаде микрофонот на следниот пријавен говорник и на тој начин долго го блокираше Парламентот. Се закануваше дека ако не ја пуштат во тоалетот со некој вид технички прекин на работата ќе ги расфрли сите материјали во салата и ќе направи хаос.

Не ги почитуваше другите пратеници вртејќи им го грбот (говорниците и микрофоните постојат, нели, за да ги гледа колегите во очи кога говори), а за да се одмора, стоеше потпрена на првиот ред од седиштата и правеше секаква ѓурултија.

Во еден миг, сепак, реши да ја батали таа практика за да неколку месеци стане незабележлива, белким посрамена од реакциите. Јасно, тоа мирување сепак не траеше предолго – некој мора да влезе во Парламентот како кавгаџија и тоа да остане „до крајот на битката“!

Објективно, на изборите во кои учествуваше (било за градоначалничка на Гостивар или за градоначалник на Ростуше-Маврово како реонски партиски емисар) таа доживуваше порази. Дури мораше да го поддржува политичкиот противник Таравари и да го потпира неговиот отпор кон политичкиот конкурент ДУИ. Откако кон него долго ќе упатуваше „отровни стрели“. За такви промени во ставот едноставно не треба да се има образ, туку да се биде слеп извршувач на партиската дневна заповед.

Таа е подготвена да ги трпи зајадувањата од јавноста, вели дека ова е дел од професијата и своето место не го гледа традиционално. Во едно интервју јасно кажува дека таа умее да цепи дрва додека мажот ѝ меси леб.

А не дека поминуваше лошо во вербалните војни со другите парламентарци. Ни најмалку. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска наплатила шест илјади евра за патни трошоци, додека во нејзиниот анкетен лист се пријавени четири станови само во Скопје. Каква копија (!) на богатењето на нејзините сопартијки во Собранието, како Силвана Бонева, која патуваше, а истовремено имаше и станови во градот каде практично работеше. Добро, становите на Стојаноска се на име на нејзините родители (веќе видено и во малку поинакви варијанти), ама белки нема гадливост кај неа ако се спие во нив, кога веќе има простор и за семејства со многу поголем број членови отколку во нејзиниот случај?

Ова е просто матрица која го одзема моралниот кредибилитет за настап во јавноста. Во нормални земји со демократски капацитет.

Нејзината превртливост во погледите е исто така легенда. Таа, без да и трепне, знае од корен да ги менува погледите. Силно го напаѓаше својот сограѓанин Таравари за состојбите во градот, па и во здравството, а порталите блиски до нејзината партија ги дистрибуираа нејзините изјави. Потоа, не ѝ сметаше да изрази надеж дека тој би ѝ користел на нејзината партија, доколку не влегува во владата (на Ковачевски) „за грст шефовски места на своите сопратијци“, за преку ноќ да го прогласи Таравари за интелектуалец и бистар шарпланинец (!), додавајќи дека и таа е таква бидејќи е шарпланинка. Да се потсетиме дека кога легендата во радио новинарството Ѓоко Георгиев во еден разговор го нарече еден тетовец – шарпланинец заработи повеќемесечно мајтапење кај слушателите. Тогаш имавме едно радио, ама мајтапи колку сакаш, денес имаме 60-тина радио станици, ама нема јунак да се мајтапи на вакви бисери!

Но, таа на овие избори нема за што да се грижи. ВМРО ДПМНЕ во 6-та единица секако ќе освои неколку пратенички места, а едно ќе биде за неа. Во Палатата Татарчев едноставно им треба своевиден собраниски актер од претставите полни со кавгаџиски мешаници. За што Стојаноска веќе има извежбан репертоар.


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk