Македонската велосипедистка Дуња Иванова петта на Хеленик купот што се одржа во Кукуш, во организација на Велосипедската федерација на Грција, а Љубиша Кондев во категоријата Мастерс 50+ го освои второто место.
Во организација на Велосипедската федерација на Грција како дел од Календарот на Светската велосипедска федерација, овој викенд во Кукуш се одржа Hellenic XCC/XCO Cup UCI C3/C2. Иванова го освои петтото место со вкупно 11УЦИ бодови кои ќе ја подобрат нејзината позиција на Светската ранг листа.
Ова беше прва трка во оваа сезона која Иванова ја користи како подготовка за Европското првенство во Планински велосипедизам-Маратон во Данска кој ќе се одржи во aвгуст оваа година.
Од клубот ВК Енерџи од Скопје, каде е член Иванова, на двете трки во Грција настапи и Љубиша Кондев во категоријата Мастерс 50+ кој го освои второто место и сребрен медал.
Ј. Ѓ.