Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Најголемиот наш пораз нема да биде фактот дека не надвладеале најлошите меѓу нас, туку дека почнавме да личиме на нив и, уште полошо, дека се претвораме во нив.
Нека да запаметиме – ние не ги менуваме вмороните, ние се менуваме себе.
Кога ќе се промениме себе, вмороните автоматски ќе станат тоа за што се создадени да бидат- грозно минато.
Ние се менуваме, ама на полошо.
Стануваме канибали, лицемери, бездушни како вмороните. На нив не личиме само по бесрамните напади на довчерашните соборци, туку и по длабочината на поддршката што сме спремни да им ја дадеме на нашите „херои”. Тие се осудени да играат со пет лични во стартот, да одат по жицата додека ветриштата ги шибаат од сите страни, да го носат товарот додека скокаат по минското поле.
Една грешка, еден погрешен чекор и се до тогаш создадено и изградено лета во воздух и го снемува за миг.
Денеска сè на овој свет стана така површно.
И убавината што се црта со силикони, пластика и хијалурони, знаењето што се стекнува на курсеви и Јутјуб туторијали, љубовта која во секунда се претвора во разочарување и омраза.
(Македонизирани извадоци од колумната на Александар Дикиќ во белгадски “Данас”)
Текстот е личен став на Авторот