ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: И помагаме на Украина поради тоа што таа земја има право да го одбрани својот територијален интегритет и суверенитет

March 21, 2024 18:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Северна Македонија од почетокот на руската инвазија досега испрати 14 пакети на помош за Украина и спроведовме обука на украински војници во Криволак. И помагаме на Украина поради тоа што таа земја има право да го одбрани својот територијален интегритет и суверенитет, затоа што е нападната од агресор кој нема да престане ако не му се возврати со отпор. Со нашите одлуки покажавме дека сме дел од светот кој застана зад правото на една држава да ја избира својата иднина. Целта на Русија беше да се обиде да внесе раздор помеѓу земјите–членки на НАТО. Но, го постигна токму спротивното. Од руската агресија до денес, Алијансата е посилна за две нови земји – Финска и Шведска, а сите заедно сме пообединети од кога било досега во намерата да ја заштитиме секоја педа НАТО територија,“ изјави во интервју за „Локално“ , министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Во врска со предложената рехабилитација на деца и лечење на украински војници во земјава од страна на претседателот Пендаровски, Петровска посочи дека ставот на Северна Македонија за поддршка на Украина е јасен, позитивен, како и дека во тек се анализи за начинот на спроведување на оваа поддршка.

„Министерството за одбрана, односно Армијата на Република Северна Македонија во својата структура го има Воено-медицинскиот центар кој може да пружи општа медицинска помош, односно амбулантско лекување, но не и да лекува во болнички услови. А течат анализите за начинот на кој ќе се пристапи кон можноста за ваков тип на поддршка со Министерството за здравство, но убедени сме дека доколку се упати такво барање од украинската страна ќе може да се најде решение и да се излезе пресрет на земјата која има за цел да го одбрани својот суверенитет од руската агресија,“ истакнува Петровска.

Tags: ПетровскаУкраина
Next Post

(ВИДЕО) Анкета на „Внимание, внимание“: Доколку Битола е главен град, битолчани би сакале да ја имаат Македонската опера и балет, кино и пола од министерствата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk