Принцот Хари и Меган објавија кратка изјава во која е посакуваат здравје на принцезата од Велс, пренесува Би-Би-Си.
– Посакуваме здравје и закрепнување за Кејт и семејството и се надеваме дека ќе можат да го сторат тоа приватно и во мир, се вели во изјавата.
Британскиот крал Чарлс изјави дека е „многу горд на Кетрин за нејзината храброст да зборува“ по објавата на принцезата од Велс дека има рак.
Чарлс, кому исто така му беше дијагностициран рак по интервенција за зголемена простата, останува во „најблизок контакт со својата сакана снаа“, соопшти Бакингемската палата.
– И двете нивни височества ќе продолжат да ја даваат својата љубов и поддршка на целото семејство во овој тежок период, се вели во соопштението.
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија.
Во лична порака, 42-годишната принцеза рече дека планираната абдоминална операција во јануари била успешна и оти првично се сметало дека нејзината состојба не е канцерогена. Но, тестовите по операцијата покажаа дека е присутен рак, рече таа.
A message from Catherine, The Princess of Wales pic.twitter.com/5LQT1qGarK
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) March 22, 2024
Ј. Ѓ.
Поврзано:
(ВИДЕО) Принцезата Кејт Мидлтон откри дека ѝ е дијагностициран рак