ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Битката за родова еднаквост не е само женска борба; тоа е колективен потфат кој бара активно вклучување и поддршка на мажите

March 22, 2024 16:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес учествуваше на панел дискусијата: Жени во органи на управување- зајакнати органи на управување, зајакнат деловен сектор, зајакнато општество.

Маричиќ во дискусијата ја истакна важноста за поттикнување поголема родова инклузивност во сите аспекти на општеството, особено во управувањето и политиката, нагласувајќи го императивот за зголемено учество на жените.

Битката за родова еднаквост не е само женска борба; тоа е колективен потфат кој бара активно вклучување и поддршка на мажите. Долгорочниот успех зависи од нашите заеднички напори.

Традиционалните бариери мора да се отстранат за да се отвори патот за значајно ангажирање на жените во процесите на донесување одлуки. Студиите постојано покажуваат дека квалитетот на одлуките значително се подобрува кога се вклучени жените.

Како политички субјект, ние сме длабоко посветени на унапредување на вклучувањето на жените во политиката. Нашата агенда дава приоритет на стратегиите за раст, родово одговорно буџетирање, вклучување на пазарот на трудот и паритет на платите.

Учеството и инклузивноста на жените во економските одлуки даваат поквалитетни резултати, нагласувајќи ја важноста од нивното присуство на секое ниво.

За општество кое напредува земајќи ги во предвид различностите и еднаквоста, зајакнувањето на жените во управувањето не е само опција – тоа е императив што сите мора да го прифатиме.

За крај Вицепремиерот Маричиќ рече дека и самата Европска Унија врши позитивен притисок врз нас во насока на унапредување на родовата еднаквост на сите нивоа и во сите сфери.
Во тој контекст го спомна Планот за раст за Западен Балкан кој е нов поттик за забрзана конвергенција на нашите економии и намалување на разликите со економиите на членките на Европска Унија.

“Реформската агенда го опишува стратешкиот пристап на Северна Македонија за забрзување на фундаменталните реформи за прогресивна интеграција со единствениот пазар на Унијата и социо-економската конвергенција, како и усогласувањето со законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата.”

На панел дискусијата учество земаа и гувернерката на Народната банка Ангеловска Бежовска, претседателката на Надзорниот одбор на ПроКредит банка Јолеска Поповска и директорот на производството на Џонсон Мети Борозанов.

Tags: Маричиќродова еднаквост
Next Post
Интервју на претседателот Пендаровски за Фронтлајн. Фото: Ангел Ангеловски

Бојаровски: Концептот на Пендаровски е европската иднина со членство во ЕУ

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk