ВМРО-ДПМНЕ продолжува во пракса да ги спроведува трите П: пари, пропаганда и пендрек. Откако јавноста го виде вистинското лице на Мицковски преку пендрекот и насилието, сега е сведок на уште едно од трите П – пропагандата. Кандидатурата на Силјановска-Давкова е поднесена и потвдрена од ДИК со повеќе од 40 потписи од пратеници, а не со граѓанските потписи, соопштуваат од партијата НСДП.
„Независната пратеничка и граѓанската кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана жртва на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ, стана жртва на исплашената од пораз и тотално неорганизирана опозициска партија. Првпат во историјата на независна Македонија иако се собрани граѓански потписи, се поднесува кандидатура со потписи од пратеници.
Пукна балонот и вештачки креираните и лажни анкети со кои го храбрат нивното членство, дека ВМРО-ДПМНЕ има предност од 2,5 наспроти 1 или кога се под лажна еуфорија и нереални импресии од 3:1.
Анкетите може да се нарачаат и да се платат со пари или со компензации, ама граѓанската подршка се гледа преку реалните потписи во подрачните единици на министерството за правда, а за тие потпишаните на нотар ќе истражуваат надлежните органи.
На првата граѓанска анкета ВМРО-ДПМНЕ се заплетка во својата неорганизираност и исплашеност од казната на граѓаните. Ги понижија граѓаните и чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои организирано, а реално неорганизирано, ги носеа со џипови и со автобуси да се потпишат за независната и граѓанска кандидатка за претседателка, која стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ падна на првиот испит пред овие избори, тоа е сигнал дека се уплашени од казната на граѓаните и извесниот изборен пораз. Јасно е дека Стево Пендаровски со општа граѓанска поддршка ќе биде по вторпат избран за претседател на државата.
Но добро е што јавноса преку можните манипулации со потписите уште еднаш го виде вистинското лице на Мицковски и одредени поединци од раководството, дека не се реформирани, дека се служат со стари трикови и манипулации, за да имаат изговор пред своите за изборниот пораз кој ги очекува.
НСДП јавно ги повикува да дадат одговор на јавноста, но пред се на оние граѓани кои ги дадоа потписите за Силјановска-Давкова, зошто ги фрлија во контејнер преку 20 илјади граѓански потписи?
Дали ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за изборен пораз и барање на изговори за правдање?“, се наведува во соопштението од НСДП