ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За една недела пријавени 72 нови случаи на голема кашлица, девет хоспитализирани деца

March 25, 2024 14:44
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

Од 15 до 21 март, пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 58, а пријавени се случаи во Куманово – седум, Битола – четири, Дебар и Струга по еден случај, покажуваат податоците од денешниот најнов извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од новите 72 случаи, девет се хоспитализирани или 12,5 проценти. Станува збор за седум деца на возраст под една година и по едно лице од возрасната група од 15 до 19 години и од 20 до 29 години. Возраста на новитезаболени се движи од 0 до 44 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.

-Заклучно со 21 март, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 287 случаи на голема кашлица, со инциденца од 15,6/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 247 (86,1 проценти) со зафаќање на петнаесет различни општини, 12 лица живеат во Куманово, 11 лица се од Тетово, во Битола 6, Гостивар три, по два во Дебар и Струга и по еден случај е регистриран од Струмица, Крива Паланка, Кавадарци и Кочани. Заболените лица се на возраст од 1 месец до 78 години (медијана 11,9 години). Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група од 10-14 години (27,5 проценти), потоа се децата на возраст до 4 години (25,4 проценти), односно 41 случај (14,3 проценти) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 32 (11,1 проценти) се деца на возраст од 1 до 4 години, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Од вкупниот број регистрирани случаи – 287, 157 случаи или 54,7 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 12,6 години.

Од заболените, 44 лица или 15,3 проценти се хоспитализирани, и тоа 38 или 86,1 проценти од нив се на возраст до 4 години.

-Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно  повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација,  се истакнува во извештајот на ИЈЗ.

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од Службите за вакцинација (Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар) беше утврдено дека се пронајдени 15.067 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 8.243 или 54,7 проценти. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина – 4.423 или 53,7 проценти.

-Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 9.895 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент – 5.813 или 58,7 проценти  од вакцинираните деца примиле прва, втора и трета доза на примовакцинација. Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација (I,II,III доза) или ревакцинација (I,II ревакцина) на територија на Скопје во периодот од 18.01 до 21.03.2024 изнесува 18.138појаснуваат од ИЈЗ.

Во државава, без Скопје, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се се 7.929 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 3.914 или 49,4 проценти. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина – 2.075 или 53 проценти.

-Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 10.569 дете на возраст до 7 години, а најголем број и процент – 5.398 или 51,1 проценти од вакцинираните примиле I и II доза на ревакцина. Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација (I,II,III доза) или ревакцинација (I,II ревакцина) во периодот од 18.01 до 21.03.2024 изнесува 14.483, се додава во извештајот на ИЈЗ.

Tags: голема кашлицазаразениИЈЗ
Next Post

(ВИДЕО) „Полиграф“: Дезинформација е дека Албанците влегоа во преамбулата со Уставните измени поради Преспанскиот договор

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk