ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Со реконструкција на Старото училиште во Љубојно ја зацврстуваме колективната меморија на државата

March 26, 2024 13:43
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска–Стојчевска во интервју на ТВ „Слободен печат“, говореше за значењето на Старото училиште во Љубојно и негово прераснување во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Таа рече дека овој објект не само што е важен поради тоа што претставува едно училиште каде што се образувало голем дел од населението, туку таму се школувале  дури и некои од  денешните лекари, наставници кои живеат не само во тој регион од државата, туку низ цела држава, па и надвор.

„Старото училиште во Љубојно е стратешки и важен објект затоа што претставува место кое е врзано со колективната меморија на сите во цела држава. Тој објект ќе претставува Центар за промоција на македонскиот јазик и афирмација на македонската култура преку разни видови проекти. Еден дел од активностите на Советот за македонски јазик ќе се одвиваат таму.  Вториот аспект е да се одржуваат едукативни семинари, часови по македонски јазик за да може училиштето да го вратиме на онаа првобитна дејност која што ја имало“, изјави министерката за култура во однос на актуелната реконструкција на Старото училиште во Љубојно, за која што Владата обезбеди двегодишно финансирање, по што објектот ќе биде ставен во функција.

Министерката за култура изрази задоволство што по минатонеделната посета, локалното население ја чува меморијата за значењето на училиштето. „Навистина ми е драго што нивните очекувања се веќе остварени, како што и самите кажуваат, тоа беше еден процес кој многу долго се најавувал, меѓутоа јас и минатата година кажав дека таму моравме да почнеме буквално од почеток“, рече Костадиновска-Стојчевска.

„Законот за употребата на македонскиот јазик на огромно задоволство на сите се донесе во втората половина на јануари по што ги започнавме подготовките за сè она што произлегува од самиот Закон и негова ефикасна имплементација“, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска во интервју на ТВ Слободен печат, зборувајќи за приоритетите на Министерството за култура за заштита и унапредување на македонскиот јазик.

Костадиновска-Стојчевска појасни дека покрај задолжителното вработување на лектори во институциите, она што е голема придобивка од донесувањето на овој закон е Инспекторатот за македонски јазик кој, како што рече, правно се формираше, но се чека завршување на изборниот процес за именување директор на институцијата.

Таа истакна дека редовно се одвива постапката за полагање лекторски испит, а дека според податокот кој го има во Министерството за култура, регистрирани се 484 лиценцирани лектори кои ги добиле своите лиценци од почетокот кога се воспоставил тој испит за лиценцирани лектори до 2015 година и од 2017 година.

„Пред седум години се појави вакуум во полагање лекторски испит, нешто што од 2017 година е исправено, со што полагањето се одвива според законските норми, и без застој“, заврши министерката за култура, осврнувајќи се на актуелностите  што Министерството за култура ги презема во насока на негување на македонскиот јазик.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаЉубојно
Next Post

Петровска и Маричиќ по повод четиригодишнината од членството во НАТО: Тешките одлуки се вредни за граѓаните и за државата

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk