ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерство за транспорт: Средствата за изградба на автопатот Кичево-Охрид остануваат 598 милиони евра

March 27, 2024 15:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот анекс на Договорот со кинески „Синохидро“ за изградба на автопатот Кичево-Охрид се однесува само на продолжување на временскиот рок за изградба кој сега се предлага да биде до крајот на 2026 година, а финансиските средства за изградба остануваат непроменети, односно 598 милиони евра, изјавија за МИА од Министерството за транспорт и врски, откако Владата синоќа усвои Информација на продолжување на рокот за  изградба и законот  го препрати на усвојување во Собранието.

Од Министерството за транспорт посочуваат дека Одлуката за продолжување на рокот е заснована врз основа на информациите содржани во извештајот од ФИДИК експертот кој беше изготвен поради истекот на претходниот рок од 31 декември 2023 година.

Согласно новиот анекс, изведувачот се обврзува да ги изгради и да ги пушти во сообраќај до 31 ноември 2026 година подделниците 1 и 2, до 31 август 2025 година делница 2.2 и делница 3, а до 30 септември 2026 година делниците 4 и 5.

-Продолжувањето на рокот е неопходно поради појавата на новите 13 свлечишта што се појавија на трасата, а како резултат на несоодветното проектирање и прераното започнување на изградба без да се земат предвид реалните состојби на теренот коишто требало да се третираат во првичната проектна документација, објаснуваат од Министерството за транспорт.

Потенцираат дека изградбата на автопатската делница е приоритетен проект за Владата, како дел од Коридорот 8 и се преземеаат сите активности за да биде завршен согласно сите градежни и безбедносни стандарди.

Собранието утре треба да ја одржи последната седница пред распуштањето заради одржување на претседателските и параламентарните избори закажани за 24 април и 8 мај.

Анексот на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, што почна да се гради во февруари 2014 година, ќе биде шести по ред. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколкуте анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра.  На крајот на минатата година ресорното Министерство ангажираше експерт за Фидик-договори задолжен да направи анализа на Договорот за изградба на автопатската делница. Ангажираното вешто лице доставило извештај до Владата во која се посочуваат три опции – да се продолжи договорот со изведувачот „Синохидро“, продолжување на договорот со пенали и како трета опција целосно раскинување на договорот.

Претходно претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски изјави дека новиот  собраниски состав ќе одлучи на кој начин ќе продолжи проектот за автопатот Кичево-Охрид,  како што рече, дали со истиот изведувач или на крај ќе се бира изведувач којшто има покажано дека може да направи пат. – Она што мора да се направи е првин тој пат да се заврши, бидејќи граѓаните на цела држава го заслужуваат, Охрид како најголем туристички центар тоа го заслужува и таму треба да се работи со најзабрзано темпо, рече Ковачевски.

Како што соопшти, на завршени делници на патот, којшто е завршен некаде 80-85 проценти, во последниот квартал на минатата година се појавиле 13 свлечишта со огромни количини земја, а имало и некои косини, коишто биле лошо испроектирани, односно уште пред 10 години не се предвидело дека на крај завршуваат во Албанија.

Next Post

ИНТЕГРА, ГРОМ и ПЦЕР со заеднички настап на претстојните избори

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk