ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протест на приватните специјализанти, бараат повисоки плати и регулирање на работниот статус, Филипче со поддршка за барањата

March 27, 2024 08:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: Фејсбук профилот на Венко Филипче

Фото: Фејсбук профилот на Венко Филипче

Приватните специјализанти денеска во 11 часот ќе одржат мирен протест пред Министерството за  здравство со барања за покачување на месечен надоместок, здравствено осигурување и регулирање на работниот статус, најави Здружението на лекари специјализанти.

Како што информираат од Здружението, нивните барања до министерот за  здравство се покачување на месечниот надомест којшто,  како што посочуваат, сега е 26 000 денари на ниво на моментална просечна плата во државава и понатамошно усогласување на нивната плата со просечната плата во државата.

Здружението бара  сите приватни специјализанти да добијат здравствено осигурување и да им се регулира работниот статус, бидејќи, како што наведуваат, во моментов се водат како невработени лица, со договор на дело, без стаж во тек на шест години специјализација.

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче ги поддржа приватните специјализанти во нивните барања откако тие најавија протест за повисоки примања. Тој во Фејсбук пост вели дека обезбедувањето на плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата, е плод на неговата соработка со нив додека бил министер. Филипче истакна дека одлуките за нивните права мора да се носат во инклузивен процес во соработка со нив и во иднина.

„Обезбедувањето на плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата, беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина“ – пишува Филипче.

Тој вели дека платите на специјализантите мора да бидат во согласност со растот на платите на лекарите и дека специјализантите го бараат само она што го заслужуваат. Во својата објава тој сподели и фотографија каде заедно со специјализантите изведува операција, велејќи дека од нив зависи здравјето на граѓните денес но и во иднина.

„Клучно за развојот на сите млади лекари е да им пренесуваме знаење. Но, тоа не е доволно, потребно е тие да бидат соодветно платени за својот труд. Од нивната работа зависи здравјето на граѓаните и денес и во иднина“ – истакна Филипче.
Tags: приватни специјализантипротестФилипче
Next Post

27 март - Светски ден на театарот: Бесплатни претстави во Скопје, промоција на монографијата Ристо Стефановски

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk