Национализмот е еден од најголемите отрови за светот денеска и една од главните причини за конфликтите и војните, пишува во објава на Фејсбук новинарот Сеад Ризвановиќ.
Тој вели дека „верувањето дека сопствената нација има некаква генетска, етничка или културолошка уникатност е глупост од космички размери, и елементарна едукација од овие области веднаш ќе ги покаже апсурдите на тоа верување“.
Дополнително, додава Ризвановиќ, верувањето дека сопствената етничка нација е подобра во колективна смисла од други нации е основна премиса на нацизмот
„Затоа, луѓето кои се искрени националисти (не патриоти, тоа е друг поим), во суштина се глупави луѓе. Без разлика на нивната елоквентност или едукација, искреното верување во некаква супериорност на сопствениот етникум е доказ за сериозна неинтелигенција“, истакнува во објавата Ризвановиќ.