ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вмро ќе заврши како Милановиќ

March 28, 2024 10:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Со агресивна реторика и жестока, речиси редовно вулгарна реторика, хрватскиот претседател Милановиќ успеа да се претстави како претставник и заштитник на најнезадоволните и ожесточени слоеви во општеството и на тој начин го крена својот рејтинг и стана најпопуларен политичар. Врвот го достигна по ненадејната најава дека ќе учествува на парламентарните избори како кандидат на СДП за премиер најавувајќи ја платформата и мотото на целат опозициска кампања како “реките на правдата доаѓаат”.

Уставниот суд го оцени неговото решение како неуставно, владејачката ХДЗ и премиерот Пленковиќ (“удбашенко” во регистерот на Милановиќ) реагираа исто така со жестоки обвинувања (уставен пуч) но Милановиќ продолжи со својата реторика со која, меѓутоа, ги проби очекувањата на луѓето и се претстави како водач на пучистички и револуционерни методи и намери, кој ќе апси и воспоставува режим на револуционерната правда, како некаков хрватски Орбан со проруски ставови и суверенистички позиции на границата на антиевропејството. Башка националистичката визија, особено кон Хрватите во Босна и закантите дека ќе ги блокира преговорите на БиХ.

Преку ноќ неговиот рејтинг падна драстично, граѓаните почнаа да ги сфаќаат опасностите на неговиот радикализам и ридикулизам, популизам и просташтво закамуфлирано во симпатични досетки и тој е сега во позиција на аутсајдер кој ја обременува позицијата на опозицијата, особено на СДП кај кои само три дена порано беше главна надеж.

Мислам дека таков развој на настаните можеме да очекуваме и во Македонија. Катастрофизмот и нихилизмот на вмро-дпмне, ставот дека никогаш не било полошо, дека се продадени националните интереси (каква е нивната смисла ако е таа теза точна) изолационизмот и фрлањето на државата на најоддалечените маргини на Европа, поништувањето на договорите врз основа на кои постоиме, со некаков патетичен отпор пред меѓународната заедница, со враќање на достоинството и гордоста и други тралалајки за малограѓанските и сељачките кругови, квадрати и ромбови, почна многу јасно да ги претставува како партија со опасни намери. Благо кажано. Македонците почнаа да чувствуваат дека ќе бидат киднапирани како деца и претворени во јаничари на себе си, а државата ќе отиде по ѓаволите.

Не случајно во последно време ги нема.

Конрад им сугерира да олабават.

Но таму нема некој што тие работи може да ги разбере.

Освен деструкцијата тие друга азбука не знаат.

Сдсм и дуи сигурно не се идеална комбинација, но во рамките на политичката понуда, не на партиите, туку понудата која општеството ја роди и си ја понуди себе си- нема подобра опција.

Елиминацијата на вмро од политичката сцена и девмровизацијата на општеството се единствените патишта преку кои можеме политичката понуда да ја збогатиме врз основа на катарзичните процеси што ќе ги отвори поразот на злосторничката инсталација.

Да влеземе во реална демократија и плурализам со рехабилитации во културата, посебно.

Следете ја судбината на Милановиќ ако сакате да научите што може да му се случи на Мицко. И не само да знаете туку да учествувате во неговото Ватерло. Потоа ќе го пратиме на змискиот остров во Преспанското езеро, со секретарка, секретар и Лигњата за врски со воденото пространство. Кикифрики нема да биде ни за таму.

Се заебавам, никому нема да му фали влакно од главата. Особено на Милошоски.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk